Ново: „Легенди“ на Густаво Адолфо Бекер

Густаво Адолфо Бекер (17 февруари 1836 – 22 декември 1870) е можеби најчитаниот шпански автор по Сервантес, водечка фигура на шпанскиот постромантизам и инаугуратор на модерниот шпански книжевен сензибилитет. Делумно познат за време на својот живот, со вистинска слава се здобива дури по смртта; денес речиси сето негово творештво – седумдесетината песни од Рими и дваесет и едниот расказ од Легенди  е неодминлив дел од учебниците по шпанска книжевност.

legendi-mock-upРитмизирани од своевидна поовско-хофмановска растрепереност на сетилата и духот, а сепак, пишувани со воздржаност на врвен класицист – расказите од Легенди се меѓу најпознатите фантастични раскази во светската литература. Низ нив, Бекер портретира цела низа незаборавни ликови сместени во околности што постојано го потсетуваат читателот дека никогаш не сме поживи од миговите кога сме на работ да го загубиме она што најмногу ни значи – соништата, љубовта или сопствените животи. Редок спој на пагански верувања и католички доктрини, на мистичност и секојдневност, на рационалност и делиричност, во текот на сто и педесетте години меѓу неговата смрт и ова издание, Бекеровите прозни записи се толку сеприсутни меѓу говорителите на шпанскиот јазик што, денес, дел од нив се имаат вратено во сопствените извори, претворајќи се, врз усните на новите раскажувачи, и самите во – легенди.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s