Сликарството и литературата ја прават рамнотежата

Своите размисли ги дефинира во цртеж или со четка на платно, ама до нив стигнува преку филозофијата или книжевноста генерално. Сака поезија, па така ја открива длабоко скриената суптилност, наспроти дивоста со која пречекува. Ликовната уметница Јана Куновска би сликала и би читала до изнемоштеност и би ги илустрирала делата на Владо Манчевски.

jana1Сликарството и литературата комплементарни уметности, но каде се спојуваат, а каде се раздвојуваат?

Сликарството е едукативна имагинација полна со димензија што гледачот сам ја разградува, доживува, согледува во форма или приказна, приказ, симбол, енергија, експресија, импресија, боја, емоција, еволуција, историја, асоцијација… Литературата е момент на едукација, поезија, проза, наука… Го развива мозокот и му дава имагинарни простори, создава ликови, оформува соби, обојува предели, топографија на лица, гради карактери, создава магија на убаво и лошо, грдо и добро… Тие заедно развиваат рамнотежа во креативна форма. Создаваат драма, патешествие, животна динамика, енергија полна со чувство.

Кое уметничко дело те асоцира на која книга или на кој автор?

Мондријан ме асоцира на учебникот по математика, конкретно по геометрија.

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Би можела да кажам за силното чувство во периодот на средното училиште и на факултетските денови, каде што се изненадуваме од себеси од силното влијание на моќната реченица, тука би ги наброила книгите: „Странец“ на Ками, „Замок“ на Кафка, „Воскресение“ на Толстој, „Така збореше Заратустра“ на Ниче, „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков, „Пеколен портокал“ на Ентони Бурџис, „Идиот“ на Достоевски…

Лик од книга кој ти бил кошмар?

„Сенката на научникот“ – Приказни од Андерсонови.

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од трипати, која и зошто?

Се имам враќано повеќепати на одредени пасуси или на моќни делови од различни книги, да не ја занемариме поезијата во која враќањето е неизбежно пријатно. Ако се работи за наука, историја, документаристика, имам повторно читање на цели поглавја што го прават размислувањето интересно.

jana3Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

„Одблесок на глувите“, Владо Манчевски, „Историја на убавото“, Умберто Еко, „Пепелашка во хромиран ковчег“, Звонко Карановиќ и „Градот што веќе не е мој“, Јовица Ивановски.

Дали имаш ли посебен предизвик да илустрираш нечие литературно дело?

Уживам во такви илустрации. Би се насочила кон Владо Манчевски и неговата книжевност.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ на Џуно Диаз.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s