Нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

„Градот Бохејн“ – маѓепсувачка фантазија и амбициозна лингвистичка инвентивност

Излезе од печат македонскиот превод на дистопискиот роман „Градот Бохејн“ на ирскиот писател Кевин Бери, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Дејството на романот се одвива четириесет години во иднината. Некогаш великиот град Бохејн на западното крајбрежје на Ирска е на колена, заразен од пороци и поделен по племенски линии. Има угледни делови од градот, ама всушност градот живее во гетата и сокачињата на Дименград, зградите на Северните Висини и морничавите мочуришта на Големата Ништотија.

Со години градот го држела ладната тупаница на Логан Хартнет, елегантниот кум на бандата Хартнет Дотераните. Но, во воздухот виси една опасност. Велат дека неговиот стар непријател се вратил во градот: неговите верни следбеници стануваат амбициозни, „госпожата“ бара од него да се откаже од сè и да води уреден живот. А тука е и мајка му…

„Градот Бохејн“ од Кевин Бери е визионерски роман што ги спојува влијанијата од филмот и илустрираниот роман, од тројански удари и калипсо-ритми, од келтските митови и легенди, од фадо и сагите, и од сите големи наследства на ирската книжевност. Дело на маѓепсувачка фантазија и амбициозна лингвистичка инвентивност, вкусот на славното и новото.

Кевин Бери е ирски писател, добитник на бројни награди – наградата за најдобар прв роман од Клубот на писатели, наградата Руни за ирска литература и наградата на Сандеј тајмс од И-еф-џи прајват банк за кратки раскази и беше номиниран за наградата за прв роман Коста. За романот Градот Бохејн“ ја освоил престижната Награда за литература на Европската Унија. Неговите приказни се објавувани во Њујоркер, Гранта Бук и многу други списанија.

Преводот на романот од ирски е на Драган Георгиевски, а дизајнот на корицата го изработи Прокопие Ќаев, еден од победниците на студентскиот конкурс за дизајн на корици организиран од издавачката куќа Арс Ламина. Целиот проект, со наслов „Прошетка низ Европа“, е поддржан од Програмата „Креативна Европа на Европската унија“.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.