Препрочитувам книги и откривам нови вистини

Таа е фан на „Киндл“ и не ѝ пречи што книгата денес ја ужива во нејзината електронска верзија. И чита книги без застанување, и дома и на патување, затоа што смета дека новинарите неопходно треба да го поседуваат литературниот капитал. Ова е библиотеката на Љубица Ангелкова Манговска програмски директор на ТВ „Тера“ Битола.

2-%d1%99%d1%83%d0%b1%d0%b8%d1%86%d0%b0

„Сите светли точки“ на Џенифер Нивен е изборот на Љубица Ангелкова Манговска

Новинарството и книжевноста се „сродни души“, па низ историјата најголемите писатели имале новинарски кариери. Но, дали и што читаат новинарите денес?

Полето на книжевноста низ историјата многупати се соединувало со полето на новинарството. Тоа на највпечатлив начин го покажал шпанскиот филозоф Хозе Ортега кој пишувал за писателите кои работеле како новинари. Во Франција, земја во која некогаш писателите биле најценети, морале да почнат да се занимаваат со новинарство за да преживеат. Иако многумина тоа го нарекувале бирократија на интелигенцијата, сепак квалитетот што порано го имаа новинарските жанрови колумни, фељтони, уметнички прикази и критики, дефинитивно можат да се стават во одделот книжевност, впрочем новинарството некогаш зависело од професионалниот хабитус на оној што пишувал. За жал, денес, малкумина новинари можат да се пофалат не само со новинарски хабитус што е основен за извршување на таа професија туку и со забележлив културен капитал. Понекогаш, ова второто е поважно. Верувам во тоа дека денес новинарите читаат малку, освен она редовно дневно четиво на дневни вести, и тоа главно по портали, особено младите новинари немаат навики да се посветат на проучување, препрочитување и вежбање на кондицијата за илјадничен стаж во листови на сериозна литература.

По кој критериум ја одбираш книгата што сакаш да ја прочиташ?

Немам правило, најчесто избирам сама. Ме водат и фази. На пример, долго време бев опседната со Чехов, кој, според мене, е крајно шекспировски писател. Во една од неговите први приказни главниот лик плови со брод што се вика „Принцот Хамлет“, ако добро се сеќавам. Неговата визија за човековиот карактер и личност во суштината е шекспировска. Можам да бидам сосем сигурна дека Чехов, на крајот на краиштата, е најголем Шекспир од сите големи руски писатели, иако тоа може да се каже и за Достоевски, кој толку лесно се вклопува со Јаг и со Магбет.

Ретко имам друштво со кое можам да зборувам на тема книжевност, и тоа искрено ми недостига. Додека студирав во Белград, имавме кружок на пријатели опседнати со читање и долги разговори за книжевноста. За жал, кај нас нема ни изразена книжевна критика за да може нивната насока да ме носи до нови наслови.

Авторите, пак, ретко се во допир со читателите. Издавачите имаат ограничени ресурси да се наметнат кај читателите. Сите елементи недостигаат и навистина, во ваква изолација, чудо е да си го наоѓате сопствениот пат до добрата книга.

До книгите стигнуваш преку: книжарница, библиотека или е-книга?

Од студентски денови не сум обновила членство во библиотека, јас сум искрена по ова прашање. Книги купував главно на саеми за книги, белградскиот ми беше најблизок и најбогат барем за нашиот регион. Купувам и кога патувам, особено англиска и американска книжевност. Последните пет години електронскиот читач „Киндл“ е мојот најверен пријател и немам проблем со преминот од книга на е-книга. Напротив, јас сум поборник за практичност. Носите „Киндл“ со себе и во него 500 наслови, а како што читам паралелно, совршено ми одговара и не носам тежина со себеси.

Дали има книга што си ja препрочитала повеќе од трипати?

Секогаш читам повеќе книги истовремено, книжевност, стручна литература, а покрај тоа читам и по нешто од новите објавени наслови. Генерално, сè што сум читала во својата младост, верувајте исто како да не сум го прочитала. И која книга да сум почнала да ја читам повторно, ја читав како нова и речиси ништо не се сеќавав. И му препорачувам секому што смета дека некоја книга ја прочитал, да ја прочита уште еднаш и да открие нови вистини.За мене „голема“ е онаа книга што може да се чита секогаш. Оваа година, на пример, го читав интензивно Кнут Хамсун. Верувајте, нема таму ниеден збор што е гнил. Тоа е чиста нерватура на јазик без непотребни зборови – чиста музика, само убавина.

И за поезијата го имам истото мислење, една песна сум ја читала и стотина пати и никогаш не сум поверувала дека некоја докрај ја објаснувам на ист начин. Неодамна ја препрочитував „Травничка хроника“. И повторно би ја читала.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Со Малиот принц, детето од друга планета, кој става траен отпечаток на најчувствителниот роман во француската книжевност.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

„Ниту еден човек не е остров, сосема сам за себе; секој човек е дел од континентот, дел од копното. Ако морето однесе грутка земја Европа е полесна, како да однело некој ’рт, посед на соседите или твојот сопствен. Смртта на секој човек ме намалува мене, бидејќи јас сум опфатен од човештвото. Затоа, никогаш не прашувај за кого бијат камбаните – тие бијат за тебе“, Ернест Хемингвеј.

Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добила?

Пишувам посвети, секогаш… Имам и многу книги со посвети од оние што ја подариле, но и од авторите, и ми се особено драги. Она што ќе го издвојам е една посвета што ја добив од мојот ментор по медиумски менаџмент од САД, проф. д-р Џо Фут, кој ми го подари „Владетелот“ на Макијавели. Во посветата пишуваше: „Читај, не заради информациите што ќе ги добиеш, туку заради мудроста, зашто сите на крајот на краиштата сме осамени и мораме преку мудрост да ја лекуваме својата осаменост. Затоа е тешко да се запознаат другите луѓе низ книгите, како што е тешко некогаш да се запознаеш себеси. Затоа читај без застанување“.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Сите светли точки“ на Џенифер Нивен.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s