Едиција „Фиданки“ за идните страсни читатели

Едицијата насловена како „Фиданки“ е серија детски лектирни изданија за почетно читање. Идеално создадена за најмладите ученици, оваа едиција детски илустрирани книги може да им помогне на децата при полесно совладувањето на техниката на читање, истовремено нудејќи им привлечна шареноликост со изборот на теми и ликови во приказните.

Секој од четирите наслови во серијата зборува за нешто различно: за создавање на едно ново пријателство, за згодите и незгодите на еден одличен ученик на училиште, за бујната фантазија на едно дете и за една необична потрага по забите на една кокошка.

Интересно е што секоја приказна на некој начин е поврзана со некаков вид дрво, па оттаму и насловот на серијата, „Фиданки“. Со ова, на децата им се укажува за важноста на дрвјата и на природата за нашиот живот. Овој пристап на авторите на овие изданија е мошне интересен, затоа што на еден ненаметлив начин тие успеваат на децата да им дадат информации за дрвјата и да им всадат чувство за зачувување на природата.

pelu-i-luna-700x330Пелу и Луна

Оваа приказна зборува за Пелу, еден пилипит (измислен вид животно), и Луна, едно мало пиленце. Но, Пелу не е пилипит како другите од неговото опкружување: тој е многу љубопитен, великодушен и секогаш весел. Еден ден тој го сретнува малото и беспомошно пиленце Луна и оттогаш стануваат неразделни пријатели, иако се сосема различни. Ова е необично топла приказна за едно волшебно пријателство во шумата наречена „Илјада гранки“, каде што расте приморскиот бор.

ne-vikajte-me-bubalica-700x330Не викајте ме бубалица

Во оваа приказна дознаваме за Јане, едно љубезно и воспитано момче, како и одличен ученик на училиште. Се грижи за природата и со баба му во една пригода садат дрво костен. Но, за повеќето деца тоа се совршени карактеристики за да го задеваат Јане и да го нарекуваат бубалица! Несреќен дека е омилен кај наставниците и дека поради тоа не може да стекне повеќе пријатели на училиште, еден ден решава да преземе некои „мерки“ што ќе се покажат како успешни. Сè на сè, ова е една многу интересна приказна за тоа како оние што некогаш го исмевале Јане ќе научат да го почитуваат, а притоа да не го загуби статусот на примерен ученик.

maliot-sonuvac-700x330Малиот сонувач

Во оваа приказна е прикажан Симон, едно дете кое постојано сонува. Најчесто додека спие, но и дење, со отворени очи. Како, впрочем, и сите други деца кои сакаат да патуваат со мислите низ фантазија и мечтаење. Но, во случајот на Симон, некои од работите за кои фантазира или сонува тој ги доживува како навистина да се случуваат, па дури можат и да го исплашат. Како, на пример, кога дома на влезната врата ќе му се појави една цела армија зеленчук (нешто што тој не сака ни да види, а камоли да вкуси!), па едвај ќе се „спаси“. Но, иако не сака да јаде зеленчук, Симон сигурно многу го сака мармаладот од цреши што баба му го прави од црешовото дрво засадено во нејзиниот двор на село.

kokoskini-zabi-700x330Кокошкини заби

Кога еден ден Виктор и Биби ќе откопаат дупка во дворот и во неа ќе најдат некои ситни бели зрнести нешта, почнува вистинска авантура. Поведени од заклучокот дека се работи за ситни заби што припаѓаат на некоја кокошка, двете деца поаѓаат во потрага по кутрата беспомошна кокошка со желба да ѝ ги вратат за да може да јаде нормално. И одат од двор до двор, од куќа до куќа, среќаваат многу интересни луѓе и на крајот… ех, да не откриваме што се случило, но важно е да се знае дека во приказната е вклучено и едно лимоново дрво. Во секој случај, се работи за една мошне забавна и смешна приказна што децата ќе ја паметат долго време.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s