Скулптури од книги за важноста на библиотеките

Детската книжевност учествува во изградбата на секој поединец, а естетичките и етичките погледи во подоцнежниот период од животот се условени од она што сме читале како деца. Често не сме свесни дека она што сме го прочитале во детство останува во нас и кога ќе пораснеме.

0109_poster_B1_右下統一Местото што книгите го заземаат во животот на најмладите е под влијание на средината во која се развиваат, на родителите, па потоа училиштето и библиотеките, се разбира, тука се и медиумите што нè опкружуваат.Училиштата и библиотеките, училниците во кои децата поминуваат неколку часови дневно, треба да се простор во кој тие ќе бидат инспирирани да читаат и да ги прошируваат своите знаења.

0109_poster_B1_右下統一Во Јапонија е направена кампања за враќање во библиотеките, што има цел поттикнување на улогата на библиотекарите во развојот на најмладите.

0109_poster_B1_右下統一Скулптурите на деца направени од книги се поставени во училници и библиотеки, а на фотографиите од кои се направени постери се напишани инспиративни пораки за значење на книгите.Овие скулптури ја презентираат идејата дека нас нè обликуваат книгите што сме ги прочитале во детството.

books-build-children-4Проектот е поттикнат од градскиот одбор за образование на Јокохама, а кампањата за важноста на библиотеките во ширењето на знаењето и развојот на најмладите ја реализираше тим на Дентасу Токио, предводен од уметникот Михару Мицанагу.

 

 

Извор:

Sculptures of Kids Made From Books to Bring Librarians Back Into Libraries

Advertisements