Славниот американски писател Стивен Кинг, најпознат по своите хорор-романи, „замолкна“ на социјалните мрежи по претседателската победа на Доналд Трамп.
Кинг порача дека нема веќе ништо да објави на своите профили на „Фејсбук“ и „Твитер“, бидејќи неговите обиди да ги повика сограѓаните да не гласаат за Трамп не родија плод.
„До скора иднина нема веќе препораки за книги што треба да ги прочитате, политика, забавни фотографии од кучиња… Се исклучувам“, најави Кинг, кој беше мошне активен на социјалните мрежи.
Штрајкот на Кинг се преклопи со објавата на Трамп дека ќе биде воздржан на профилот на „Твитер“ откако е избран за претседател.