Ја сакам „Божествената комедија“ на сцена

Од кога знае за себе знае за балетот. Кариерата на сцената и зад неа ја гради со страст, но трпеливо за сите предизвици што се исправаат пред неа, па и за неа најновиот, уметнички директор на Македонскиот балет. Ова е библиотеката на Олга Панго.

image1

„Црвената кралица“ од Викторија Авејард е изборот на Олга Панго

Балетската кариера ја замени со кореографската, но во меѓувреме стана директор на Македонскиот балет при МОБ. Дали постои можност одредени кореографски правила да ги употребиш при управување со комплетниот ансамбл на МОБ?

Пред 11 години ја почнав мојата кореографска кариера, а лани ја завршив кариерата како балерина. Некако следствено дојде директорувањето. Кореографијата е вид менаџирање и организирање на сцена, така што, да, дел од вештините што ги имам стекнато како кореограф ги користам и за новата функција во мојата професионална кариера.

Дали ансамблот се води по правила од книга, по искуство, по интуиција или нешто сосема друго?

Ансамблот се води со знаење и со искуство. Уметничкиот директор мора многу добро да ја познава професијата за да може да го води балетски ансамбл. Ова е необичен тим за кој, покрај менаџерските и лидерските способности, неопходно е да ја знаете природата на работата.

Дали има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Не… Двапати сум ја прочитала „Неподнослива леснотија на постоењето“ од Кундера и „Блуднот син“ од Буковски… Двете книги ги читав во различни периоди, кога бев многу млада и потоа во нова единица време во позрели години. Но, трипати веројатно сум читала само нешто што сум морала да го научам.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Пробувам да не се идентификувам со ликовите од книгата што ја читам, но секогаш постои лик кој го отсликува мојот карактер.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Ние сме материјата од која се градат соништата и нашите мали животи се со сон заокружени – „Бура“ од Шекспир.

Која книга – книжевно дело сакаш да го поставиш на сцена?

Без размислување тоа е „Божествена комедија“ од Данте. Би сакала да биде поставена на репертоарот на Македонскиот балет.

image2Која е најскапата книга што си ја купилa во животот?

Тоа е „Фукоово нишало“ на Умберто Еко во тврд повез. Во тоа минато време ја платив 100 марки. Немав, ниту сега немам некој особен однос кон таа книга, не ја ни дочитав. Ете ја, ми стои во домашната библиотека.

Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добила?

Секогаш пишувам посвети на книги што ги подарувам. Најубавата посвета ми е од мојот пријател и писател Сашо Димовски за мојот јубилеј.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Црвената кралица“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s