Најкратката хорор-приказна на Стивен Кинг

Најновата хорор-приказна на Стивен Кинг е составена од две реченици. Популарниот писател своето најново дело го објави на „Твитер“ и следуваше лавина од споделувања.

„Мојата најнова хорор-приказна_ Некогаш одамна постоеше човек со име Доналд Трамп и се кандидираше за претседател. Некои луѓе сакаа да победи“.

Кинг и претходно изјави за „Вашингтон пост“ дека е вџасен од можноста Трамп да ги води САД.

„Можноста Трамп да стане претседател ме плаши повеќе од што било друго“, вели Кинг. Тој е еден од 450 писатели кои се потпишаа во отвореното писмо со кое изразуваат загриженост поради кампањата што ја води Доналд Трамп.

Advertisements