Книгите од италијанските автори на попуст во книжарниците „Литература.мк“, „Култура“, „Или-или“, „Магор“, „Икона“, „Антолог“ и „Матица“.
Од 31 октомври до 5 ноември, во рамките на „Недела на италијанската книга“, во организација на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, ќе читаме италијански книги и ќе ја доживуваме Италија низ различни уметнички форми. Во продолжение следуваат детали од Руска Ивановска-Наскова за оваа манифестација.
Зошто „Недела на италијанска книга“? Автори како Умберто Еко, Дарио Фо, Луиџи Пирандело или Александро Барико одлично ѝ се познати нa нашата читателска публика и одамна ги надминаа границите на Италија.
Целта на оваа манифестација е читателската публика да се запознае подобро не само со веќе афирмираните италијански автори туку и со нови автори и наслови објавени во последниве неколку години. Милена Агус, Антонио Пенаки, Сандро Веронези, Елена Феранте, Микела Мурџа, Даниеле дел Џудиче се само дел од нив.
Како ќе кулминира „Недела на италијанската книга“?
Дел од манифестацијата „Недела на италијанската книга“ се и отворањето на изложбата на студентски постери и предавањето на илустраторот Серџо Оливоти. И двата настана ќе се одржат на 3.11.2016 година, четврток, во 12 часот во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет во Скопје. Студентските постери се изработени во рамките на преведувачко-ликовната работилница во која учествуваа студенти од Филолошкиот факултет и Факултетот за ликовни уметности.
Дали се чита италијанска литература во оригинал во Македонија?
Да, особено ако се има предвид дека, благодарение на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, бројот на италијанисти во Македонија е во постојан пораст.
Какви други активности има центарот „Данте Алигиери“, организатор на оваа манифестација?
Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје организира јазични курсеви за сите возрасти и нивоа. Институтот е акредитиран центар за издавање сертификати за познавање на италијанскиот јазик PLIDA, организира голем број културни настани. Повеќе информации за институтот можат да се добијат на сајтот http://ladante.mk/.
Во рамките на „Неделата на италијанската книга“ во книжарницата „Литература.мк“ ќе имате ретка привилегија да добиете различни жанрови книги од италијански автори со соодветен попуст. Ве чекаат на улицата „Македонија“, за да ја купите вашата книга, но пред тоа погледнете кои наслови се на попуст:
- „Мачки детективи“ од Алесандро Гати и Давиде Морисното (сите шест дела)
- „Замокот на стравот – Раката на Тулук“ на Гвидо Згардоли
- „Замокот на стравот – Опасна игра“ на Ана Виварели
- „Замокот на стравот – Оро на ужасот“ на Алесандро Гати
Фиданки
- „Четири пријатели онлајн“ од Каролина Каприја
- „Не викајте ме бубалица!“ од Ирене Бијеми
- „Малиот сонувач“ од Каролина Д’Анџело
- „Кокошкини заби“ од Каролина Д’Анџело
Попули
- „Падот на Берлускони“ од Леонардо Коен и Паоло Колонело
Sвезди
- „Свршеници“ од Алесандро Манцони
- „Аркадија“ од Јакопо Санаѕаро
- „Мојот живот“ од Бенвенуто Челини
- „Името на розата“ од Умберто Еко
- „Семејството Малаволја“ од Џовани Верга
- „Покојниот Марија Паскал “ од Луиџи Пирандело
- „Ослободениот Ерусалим“ од Торквато Тасо
Современи класици
- „Нултиот број“ од Умберто Еко