Литература.мк вчеравечер беше центар на македонскиот гитарски џет-сет. Еден од највлијателните американски џез и блуз виртуози Скот Хендерсон, пред самиот концерт со неговото трио во Домот на АРМ (во организација на Баги Комуникации), низ едночасовен отворен и многу инспиративен разговор со Бранка Костиќ – Марковиќ, им приредни несекојдневно задоволство на најеминентните почитувачи на џезот, блузот и рок-музиката во земјава.
Видно расположен, Хендерсон им посвети внимание на сите упатени прашања и со задоволство се фотографираше и разговараше со сите присутни.
Литература.мк со овој настан почна со реализација на својата зацртана мисија, да ù го врати стариот сјај на улицата „Македонија“ и да стане вистинско сврталиште на интелектуалниот потенцијал во земјава. Инаку со овој настан книжарницата Литература.мк го започнува циклусот настани „Астрорум“ во кој ќе гостуваат ѕвезди од културата и уметноста.
Photo Credits: Mladen Markovic