Ме чекаат непрочитаните книги

Современите светски текстови се нејзина провокација. Книгите ја пресретнуваат, едноставно ѝ се случуваат или се нечија препорака, па од рака, завршуваат на сцена како извонредна претстава. Не препрочитува книги, освен „Малиот принц“, затоа што уште многу други ја чекаат да ги отвори. Ова е библиотеката на режисерката Нина Николиќ, чија што претстава „Разговор во четири очи“ е на репертоар на МНТ на 29 октомври месецов.

„Оди постави, стражар“ од Харпер Ли е избор книга на режисерката НИна Николиќ

  • Како режисер, колку соработуваш со драматургот во менувањето и во приспособувањето на одредено книжевно дело за театар?

Мојата последна претстава е работена според романот „Разговори во четири очи“ на Ингмар Бергман. Драматизацијата ја направи драмскиот автор Тамара Барачков, без чијашто интервенција тешко дека од романот ќе направевме драма. Секое драмско дело бара одредено приспособување дури и да станува збор за современ текст затоа мислам дека работата со драматург е исклучително значајна.

  • Дали има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Мислам дека повеќе од трипати сум ја прочитала книгата „Малиот принц“. Инаку, сѐ уште не уживам во препрочитувањето книги, но гледам дека баба ми, на пример, ужива. Мене во овој момент тоа ми се чини како губење време со оглед на тоа што пред мене има многу непрочитани наслови.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Не се идентификувам со други луѓе.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Често ми паѓа на памет онаа последна сцена од романот „Љубов во време на колера“ на Маркес. Онаа фасцинантна филмска слика на брод што плови и сознанието дека двајцата старци се конечно заедно таму. На долго, хармонично патување.

  • Која книга или книжевно дело сакаш да го поставиш на сцена?

Од поголемите книжевни дела мислам дека на сцена би поставила драматизација на „Ана Каренина“.

Која е најскапата книга што си ја купилa во животот?

Обично книгите ги нарачувам зашто овде тешко може да се најде книгата што ви е потребна. Се сеќавам дека кога ја работев мојата претстава „Треперење“ во Велес ја нарачав „Биографијата на Чехов“ од Хенри Тројат. Не сум сигурна дали тоа беше најскапата книга што сум ја купила, ама дефинитивно ми е едно од најмилите, најинспиративните и четиво на кое често сакам да се навратам. Инаку, книгата не ја чувам под перница, ја дадов некому за да го инспирира и него, но никогаш не ми ја врати. Веројатно заборави.

img_8330

Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добила?

Не уживам во пишувањето посвети, но сакам на книгата што ја подарувам да напишам од кого е и за кого е. Колку да се знае по многу години ако книгата сѐ уште стои во библиотеката на оној кому сум му ја подарила.

  • Кој наслов одАрс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Оди постави, стражар“ од Харпер Ли.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s