Македонската литература на саемот на книга во Франкфурт

Постојат многу причини да се биде овој октомври во Франкфурт и да се посети најголемиот саем на книгата во светот. Од 19 до 23 ова ќе биде местото каде издавачите, авторите и љубителите на книгата ќе доживеат една „поинаква страна на книгата“. Најголемиот саем на книгата во светот од денеска ги отвори вратите за издавачката фела, а од викендов ќе биде отворен за сите посетители.

Македонскиот промотивен штанд е сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 метри квадратни се претставени 500 наслови од над стотина македонски автори меѓу кои и 54f4d982-d3c5-4b64-9aa4-c949daf988dd130 тома македонска книжевност“ преведени на англиски јазик како и „Антологија на македонската литература“ преведена на германски јазик. Комесар кој годинава го подготви претставувањето на Македонија во Франкфурт е Асоцијацијата на македонски издавачи преку издавачката куќа „Арс Ламина“, а со поддршка на Министерството за култура.

Годинава на посетителите во Франкфурт им нудиме поинакво доживување од Македонија. Инспирирани од песната „Созвучја“ на Шарл Бодлер во која во еден стих се вели „…човекот низ шума од симболи е патник…“ (“…man passes there through forests of symbols…”), македонската литература и култура, а воедно и македонската издавачка дејност, се претставени токму преку специфични симболи. Оваа песна која е инспирирана од расказот „Крајслеријана“ на германскиот писател, композитор, диригент и музички критичар, Е.Т.А. Хофман метафорички е преточена во дизајнот на штандот. Преку буквите од македонската азбука, глаголицата и кирилицата, како симболи кои ги содржи секое македонско литературно дело, на несекојдневен начин сакаме да го претставиме патувањето и напорите на македонските автори и издавачки куќи за освојување на меѓународната книжевна сцена“, вели Бранка Бугариска од издавачката куќа Арс Ламина.

Темата „Промоцијата на македонската литература и пробивот на македонските автори и издавачки куќи на меѓународната книжевна сцена“ е во фокусот и на главниот настан на македонскиот штанд, кој ќе се одржи во сабота на 22.10 под мотото „Созвучја“. Претставници од неколку македонски издавачки куќи како и познатите македонски автори Влада Урошевиќ, Гоце Смилевски и Ненад Јолдевски чии дела се веќе преведени на неколку светски јазици и ќе бидат промовирани на саемот, ќе говорат за своите искуства. Академик Влада Урошевиќ е еден од најзначајните преставници на македонскиот модернизам: поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач, Гоце Смилевски е претставник на помладата генерација македонски автори кој е веќе преведуван на повеќе странски јазици и има добиено повеќе европски награди кои сведочат за неговиот успех, како и младиот автор Ненад Јолдевски кој е добитник на овогодинешната награда за литература на Европската Унија.

Во рамките на овој настан, на саемот ќе биде претставен и најобемниот и најмодерен Голем германско-македонски речник во 4 тома на авторите Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигер. Брачниот пар Шмигер, кој цели 18 години работел на неговата изработка ќе говорат за процесот на создавање на еден ваков голем проект и за нивната успешна приказна при пробивот на книжевната сцена во Германија.

Претходниот ден, во петок на 21.10. ќе биде промовирана литература за деца од македонски автори меѓу кои и едицијата „Бајки од Македонија“.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со 7.100 излагачи од повеќе од 100 земји, околу 275.000 посетители, има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.000 блогери.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s