Луѓето кои читаат книги живеат две години подолго

Истражувањето што неодамна е спроведено на Универзитетот „Јејл“ покажува дека половина час дневно читање книга може да го продолжи животот за две години.

3

Читачите, во просек, живеат 23 месеци подолго од оние што не читаат книги

Истражувањето имало цел да потврди дека читањето книги и списанија влијае на долговечноста. Иако претходните истражувања потврдуваат дека активности што подразбираат седење, како гледање телевизија, го скратуваат животот, изгледа дека читањето нема таков ефект или, токму напротив, има спротивно дејство на должината на животниот век.

Оние што, во текот на дванаесетгодишното истражување, читале три и пол часа неделно имале 17% помали шанси да умрат, во однос на оние што не читале воопшто. Оние што читале дури и подолго ја намалиле можноста за смртност за 23%.Луѓето кои, наместо книга, читале весници и списанија имале 11% помали шанси да умрат, во однос на нечитачите, но само ако читале повеќе од седум часа дневно.

Сите учесници во истражувањето, околу четири илјади на број, имале повеќе од педесет години кога почнало спроведувањето на истражувањето и доследно на принципот на методолошките анкети тие биле од различен општествен, здравствен, етнички, брачен, економски и образовен статус.

Читачите, во просек, живееле 23 месеци подолго од оние што не читале, тоа е карактеристика на сите групи читачи, независно дали станува збор за мажи, жени, богати или сиромашни.

Со ова истражување, што почнало да се спроведува во 2000 година, не се опфатени оние што користеле дигитални верзии на книги или аудиокниги.

Во заклучокот на истражувањето стои дека постарите лица од 65 години, кои повеќе од четири и пол часа поминувале пред телевизорот, со пренасочување на своето слободно време кон читањето книги, можат да си го продолжат животот. А истиот ефект важи и за оние што читањето весници и списанија, ќе го заменат со друга литература.

Едно претходно истражување покажа дека читањето ја подобрува мозочната активности и го спречува развојот на деменција, исто така, дека со читањето се намалува нивото на стрес.

Значи, право во книжарниците на „Литература.мк“ и книга в рака.

 

Извор:

http://nextshark.com/yale-study-says-reading-books-can-help-live-longer/

Advertisements