Sирнете во дворецот на Австриската национална библиотека

Познатата свечена сала на една од најубавите библиотеки на светот, Австриската национална библиотека, од 20 јули може бесплатно да се разгледа на интернет и на страницата на Google Arts & Culture-Seite.

3 

Овде можете да ја разгледате библиотеката

Со едноставен клик, ние љубопитниците имаме можност виртуелно да ја разгледаме барокната зграда, да ја видиме во одлична резолуција познатата фреска на плафонот и да добиеме директен пристап до 40 историски печатени дела, чиишто оригинали се чуваат во свечената сала. Раскошната сала на Австриската национална библиотека, поранешната библиотека на Хабсбурговците, подигната е во време на царот Карло Четврти. Таа е градена во период од 1723 до 1726 година, а подигната е на виенскиот плоштад Јозефплац. И до денес таа сè уште е магнет за публиката, со повеќе од 200.000 посетители годишно од целиот свет.

Инаку, салата е снимана со специјална 360 степени камера на Google-Street-View-Trolley, со што е овозможен виртуелен поглед на внатрешниот простор долг речиси 80 метри. Австриската национална библиотека е најголема библиотека во земјата и во неа се чуваат 11 милиони предмети, книги, весници, списанија и графики.

Advertisements