Новиот вид тарантула, што научниците ја пронајдоа во дождовните шуми на Колумбија, го доби името по писателот Габриел Гарсија Маркес.
Комплетното име на овој вид тарантула е Канкуамо Маркези. Првото име го означува родот, дадено по домородниот народ кој ја населил источната падина на Сиера Невада де Санта Марта, каде што всушност е најдена тарантулата и чиишто јазик и култура се загрозени. Второто име се однесува на лауреатот на Нобеловата награда, Габриел Гарсија Маркес, кој израснал во близина на местото и на чиешто дело се восхитуваат авторите на студијата за овој вид тарантула.
Инаку, како и другите тарантули, и оваа излегува само навечер, живее во јами, телото ѝ е долго пет сантиметри, прекриено со влакна во црна и кафеава боја.
До денес се пронајдени околу 1.000 видови тарантули, а се проценува дека од 1.000 до 2.000 чекаат да бидат откриени. Според една студија од февруари годинава, само во јужниот дел на САД се откриени 14 нови видови тарантули.
Извор:
http://europe.newsweek.com/new-tarantula-species-named-after-gabriel-garcia-marquez-476035?rm=eu