Знам кога некој човек и некоја книга си одговараат

Моја библиотека: Ненад Јолдески

Тој е добитник на Наградата за литература на Европската унија, за книгата „Секој со своето езеро“, иако и неговата претходна „Штамата на Енхалон“ не остана незабележана. Неговиот идентитет е зборот, онака специфично искован како и тој самиот. По диплома е економист, кој магистрирал книжевност, а живее од програмирање. Ненад Јолдески ја отвори својата библиотека во која и вие можете да ѕирнете.

image2Струга е на Миладиновци, на Струшките вечери и на?… Kоја е твоја асоцијација за Струга?

За мене, Струга отсекогаш била град на тишина и вода, би рекол. Денес би кажал само дека е жално што ги пеплосавме малите градови… Eве, една мала глупава вежба – споредете две фотографии, кејот на Дрим пред 20 години и сега… боја и сивило… една фотографија, илјада зборови или како и да беше…

Дали има ли книга што си ја препрочитал повеќе од трипати?

Ги има неколку, ми се чини:

  • „Тринаесет сказни од кралството Лајлонија за големи и мали и други сказни“ – Лешек Колаковски,
  • „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков,
  • „Инсомниа“ од Димитрие Дурацовски,
  • „Москва – Петушки“ од Венедик Ерофеев.

Но, и неколку раскази на кои многупати сум се навратил:

  • „Отрови“, „Госпоѓа Кора“, „Лигите на ѓаволот“ и уште неколку од Хулио Кортасар,
  • „Кентаур“ од Жозе Сарамаго,
  • „Чутуранга“ од Крсте Чачански,
  • „Скок со стап“ од Драги Михајловски,
  • „Студ“ од Петре М. Андреевски,
  • „Шега“ од Чехов.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Со ниту еден особено.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Во романот „Слепило“ од Сарамаго, жената која е единствената која може да гледа во групата слепи, во втората половина на романот влегува во подрум на супермаркет за да бара храна. Се разбира, во „постапокалиптичниот“ маркет нема светлина и таа првпат се наоѓа во иста положба како слепите што ја опкружуваа со месеци. Феноменален опис, одлична книга… катарзичен момент…

Која е најскапата книга што си ја купил во животот?

Искрено, не се сеќавам дека сум купил некоја особено скапа книга. Книгите ги шетам со мене, ги чувам, но и ги подарувам, без разлика колку ми се мили, ако сметам дека некој човек и некоја книга што ја поседувам си одговараат. J Но, особено драга книга ми е српското издание на собраните раскази на Кортасар и искрено се надевам дека добро преведени ќе ги видам и на македонски… еден ден…


Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добил?

Пишувам посвети се разбира, иако за последната книга решив да ја пишувам истата посвета на сите примероци, со ретки отстапки. Не паметам некоја особено впечатлива посвета, освен една роденденска посвета напишана како игра (прекрасен труп) помеѓу една особено весела панкерска дружина испишана врз предната страница на „Цаци во метро“ од Рејмонд Кено. Чинам околу 1999 година…

image1Каде одиме, читање книги на „киндл“, онлајн или печатени изданија?

Јас не сум од оние што предвидуваат крај на книгата во печатена форма. Воопшто не ми сметаат електронски изданија на книги, ниту нешто особено се опседнувам околу тоа прашање. Се зачудив кога гледав едно интервју со Марио Варгас Љоса, кој зазема сосема негативен став кон електронските книги… Чудесно и интересно…

Кој наслов одАрс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Човек без својства“ од Роберт Музил.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s