Бриџит Џонс – огледало на секоја од нас

Според едно истражување на весникот „Гардијан“, романот „Дневникот на Бриџит Џонс“ од Хелен Филдинг е прогласен за еден од десетте најдобри што најуспешно го отсликуваат животот во XX век (поточно, крајот на векот). Затоа и не треба да нè чуди фактот што многу девојки и млади жени денес лесно се идентификуваат со главната хероина на ова дело, која секојдневно ја мачат секакви дилеми, што воедно се преокупација и на многумина од нас.

bridz

Рене Зелвегер во улога на Бриџит Џонс во екранизираните верзии на книгите

Формулата за овој успех на авторката е нејзината вештина лесно да допре до читателите, бидејќи, како што е наведено во една критика, „таа своите опсервации вешто ги зачинува со хумор, ставајќи ги на хартија сите оние мисли што и нам ни паѓаат на памет, но досега не сме ги изговориле на глас“. Токму затоа Бриџит Џонс е успешно портретиран лик на млада жена која ја чувствуваме блиска по духот, речиси како реална личност која ја познаваме.

Приказната почнува во 1995 година, кога Филдинг пишувала колумни за еден лондонски весник во облик на записи од дневник на млада жена по име Бриџит Џонс. Овие колумни на Филдинг во 1996 година се преточени во роман со наслов „Дневникот на Бриџит Џонс“, што брзо постигнува огромен успех со продадени над 15 милиони примероци во 40 земји во светот.

bj1-700x330

Во овој прв роман, Бриџит е 32-годишна млада жена која работи во издавачка куќа и води дневник за своите постојани обиди да преземе контрола врз сопствениот живот и врз сопствената кариера и да ја пронајде љубовта на својот живот. Секој запис во дневникот почнува со внесот на дневни калории, алкохолни единици, број на испушени цигари, лагите што ги изговорила на инструкторот за фитнес и сл. Ликовите кои се појавуваат покрај неа во романот се нејзините најблиски пријатели, непријатните шефови и надредени на работа, „човекот-на-мојот-живот“ во определен момент, како и некои чудни членови на нејзиното семејството. Но, токму онаква каква што е, спонтана, конфузна и малку нарцисоидна, Бриџит успева да допре до колективниот културолошки нерв.

Всушност, клучната работа зошто сите ја сакаат Бриџит е тоа што оваа млада жена, како и ние, постојано се бори со очекувањата дека мора да има успешна кариера, истовремено и да основа семејство, што го прави животот мошне напорен. За среќа, тука се нејзините пријатели кои ги доживува како семејство, а кои секогаш се подготвени да ѝ дадат утеха, но и забава, па некако успева да излезе на крај со сите ситуации.

Како многу жени од реалниот живот, и Бриџит Џонс секојдневно се бори да одржува чекор во услови на идеалистички настроено општество што наметнува стандарди за тоа како треба да изгледаме за да бидеме полесно допадливи и прифатени. Бриџит постојано почнува да држи диета и нонстоп е опкружена со книги за самопомош во обид да стане колку што е можно посовршена, а сепак има многу маани и често навлегува во незгодни ситуации. Но, авторката успева мошне умешно и на особено духовит начин да ни ја претстави ведрата страна на очајот, сомневањата во себеси сосе сите опсесии, притоа правејќи сатира од сè и сешто – од книгите за самопомош (што и онака не дејствуваат многу на Бриџит) до фенг шуито од „Космополитен“. Практично, читајќи го романот, сфаќаме дека животот станува полесен кога внесуваме доза на хумор, а со тоа се зголемуваат и шансите за позитивен пресврт на настаните.

bj2-700x330

По успехот на првиот роман, Хелен Филдинг го објавува и вториот роман за веќе популарната хероина Бриџит Џонс со наслов „На работ на разумот“, каде што таа повторно се наоѓа среде куп љубовни сплетки, иако веќе е во сериозна врска со човекот на нејзиниот живот. Приказната повторно ја следи истата линија комични ситуации, па така во еден период меѓу кафињата во Нотинг Хил и плажите на Тајланд, таа почнува да ја бара „вистината“ за мажите кои не еволуирале, да следи луди теории за љубовните врски и да слуша совети од зачмаени брачни двојки. Освен тоа, Бриџит дури доживува и еден вид продуховување некаде меѓу страниците на „Како да ја најдеш љубовта што ја сакаш без да ја бараш“ (дали книгите за самопомош навистина помагаат?), притворот каде што ќе се најде во туѓина и едно лесно оладено шардоне.

Петнаесетина години подоцна, две успешно филмуваните верзии на „Дневникот на Бриџит Џонс“ и „На работ на разумот“, Хелен Филдинг пријатно ја изненади читателската публика со ново продолжение од серијалот за Бриџит Џонс со наслов „Луда по него“.

Овој пат, авторката се обидува да истражува некои нови животни дилеми и состојби: процесот на стареење, ситуации кога веќе не сме во врска, снаоѓање со промените во светот на флертувања и отвореност кон остварување врска со нова личност.

bj3-700x330

Во последниот роман, Бриџит Џонс веќе не е млада жена, туку е на возраст од 51 година, вдовица и мајка на две помали деца. Таа се соочува со предизвиците на самохрана мајка, но и со новите технологии за комуникација, „Твитер“, СМС-пораки и сл. Размислувајќи за сето ова и некои други современи дилеми, таа повторно ја открива својата женственост и сензуалност во она што некои луѓе (грубо) го нарекуваат „средна доба“.

Со сите ситуации и случки што ја следат приказната во „Луда по него“ може да се заклучи дека за работи за еден актуелен, нежен, трогателен, смешен, мудар и бескрајно духовит роман што ќе ги натера читателите на некои страници да се смеат на глас. Како впрочем и претходните два романи за неодоливата Бриџит Џонс.

Автор: Надица Фирфова

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s