Не верувам дека некогаш сте помислиле, книгата што ја читате, потоа да ја посадите. Ако ви звучи нереално и се сомневате, сега ве побиваме со книгата што е создадена како дел од кампањата „Дрво книга дрво“.
Целта на оваа кампања е да ги запознае децата со приказната за настанувањето на книгите и развивањето на љубовта кон природата. Со тоа се подигнува свесноста за обновување на природните ресурси и поттикнување на младите луѓе, сè што ќе земат од природата дека треба и да ѝ го вратат.
Книгата е рачно шиена, направена е од еколошка хартија и од мастило. Семето од кое ќе израсне дрвото е вградено во страниците на книгата, така што кога ќе ја засадите книгата во земја и ја негувате на вистински начин од неа ќе никне прекрасно јакаранда дрво, јужноамериканско дрво, со големи виолетови цветови.
Книгата „Мојот татко беше во џунгла“ („Mi Papa Estuvo en la Selva“), наменета за деца од 8 до 12 години, е убав начин да се поттикне разговор со најмалата публика за природната околина, културната разновидност и почитувањето на живите суштества во природата. Книгата е објавена од „Пекуено едитор“ од Буенос Аирес.
Во продолжение, погледнете го видеото од процесот на настанување на оваа интересна книга: