Прв превод на кирилица за „Врвот на величественоста“

За време на трката за Големата награда на Австрија во Шпилберг, македонскиот новинар Александар Табаковски се сретна со Џејмс Ален, авторот на книгата „Врвот на величественоста“

foto-1

Оваа средба е професионален предизвик вели македонскиот новинар Александар Табаковски по интервјуто со Џејмс Ален

Неофицијална автобиографија на Михаел Шумахер „Врвот на величественоста“, издание на „Арс Ламина“, беше повод за средба на македонскиот новинар Александар Табаковски со Џејмс Ален.

„Ова е мое прво дело што го гледам објавено на кирилица и многу сум љубопитен и интересно ми изгледа како е напишано моето име, а како презимето. Се надевам дека книгата е добро прифатена во Македонија, бидејќи поминаа седум години од нејзиното официјално објавување, а ова издание што го објавувате вие е освежено со поговор, што го прави актуелно денес, односно имаме осврт за кариерата на Шумахер на последните три сезони по неговиот кам-бек во 2010 година.“

foto-2На средбата, новинарот Табаковски, кој воедно го преведе делото „Врвот на величественоста“ и го напиша воведот, направи интервју со Џејмс Ален за периодот од кариерата на Шумахер, што не е опфатен во книгата. Неофицијалната автобиографија на легендарниот пилот од светското првенство во Формула 1, Михаел Шумахер, е издание на „Арс Ламина“ објавено во 2015 година.

Advertisements