Инспирирана од играта „Покемон гоу“, директорката на едно белгиско основно училиште ја развила играта во која учениците, наместо по цртаните монструми, трагаат по книги.
Додека ловците на покемони користат џипиес и камера на мобилниот телефон, Авелин Грегоар смислила игра за која е потребно да се зачлениш на групата на „Фејсбук“ – „Книголовци“ (Chasseurs de livres), пренесува „Ројтерс“.
Кога играчот ќе ја прочита книгата, тој ја ослободува и ја враќа во живот, ја фотографира и таа фотографија се поставува на групата на „Фејсбук“ и го навестува местото на кое е скриена книгата.
Инспирирана од играта на „Нинтендо“, директорката на училиштето вели дека идејата за новата варијанта на лов ја добила, средувајќи ја својата библиотека во која веќе немало место за сите книги.Иако играта „Книголовци“ е почната пред само неколку недели, нејзината група на „Фејсбук“ веќе има повеќе од 40.000 следбеници.Меѓу книгите кои играчите ги кријат има секаква литература, од детска до хорор-романите на Стивен Кинг.За да се добие помодерен пристап, Авелин Грегоар посакува чекор напред, со креирање апликација за нејзините книголовци.
Извор:
http://www.b92.net/zivot/vesti.php?yyyy=2016&mm=08&dd=28&nav_id=1170286