Сабота, за книги на радио

image1Нејзиниот глас ја обележува современата радио-ера во земјава. Со фокусиран интерес кон македонската музика и информации за кои „Гугл“ може да ѝ позавиди, подготвена е да ја напише читанката за домашната поп-сцена. Додека тоа е само на ниво на идеја, откриваме што чита таа за себе, но и за слушателите на радиото „Метрополис“, Вики Ристеска-Чадиковска.

  • Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и на твојот начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Секоја книга на свој начин ме поттикнувала на размислувања. Најчесто, по читањето, сакам да си ги преслушам мислите, да ја разгледам темата од свој агол, да се преиспитам како јас би постапила во слични ситуации… Сакам да дискутирам за она што го читам. Со читање, сите стануваме побогати за нови доживувања, за нови сознанија. Често ми се случувало кога ќе прочитам некоја книга, на пример за одреден настан, потоа да барам информации да го збогатам моето знаење за тој настан. Книгите секогаш ми биле „душевен мир“.

  • Лик од книга кој ти бил кошмар?

Дала Пикола од „Прашки гробишта“. Тоа е лик кој многу често ме потсетува на нашава реалност.

  • Имали книга што си ја препрочитал повеќе од трипати?

Има повеќе книги. Меѓу нив ќе ја издвојам „Мемоарите на една гејша“. Ја препрочитував затоа што ги евоцираше убавите спомени во мене. Јас сум лик кој книгите ги спојува со настаните што ми се случуваат. Па, често, кога ми е тешко, се обидувам доброто во мене да го разбудам преку емоциите што ми се врзани за книгата од некој период кога сум била многу среќна. Така си го враќам мирот и го смирувам неспокојот.

  • Дали имаш професионален предизвик за радио-книга или поврзување на книгата, радиото и музиката?

Да, често. Ова особено сакам да го правам во рамките на мојата емисија во сабота, „На кафе со Вики“. Таа некако ми е најпогодена за препораки за книги, за споделување чувства од книги и откривање на новите светови сместени помеѓу кориците.

  • Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

image2Како близнак кој е опсесивно вљубен во книгите, тоа ми се случува речиси со секоја книга. Имало периоди во мојот живот кога не сакав да јадам и да спијам, за да не го изгубам времето за читање. Од последниов период, ќе ја издвојам трилогијата „Од минатото не се бега“ на Ерик Аксл Сунд.

  • Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„На работ на разумот“ и „Луда по него“ од Бриџит Џонс.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s