13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк

  1. Нултиот број – Умберто Еко

Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ.

nultiot broj

  1. Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборовиЏон Беам

Детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и за феноменот „Фејсбук“. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на „Фејсбук“, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.

mark z

  1. Сета светлина што не можеме да ја видиме Ентони Дор

Една од оние ретки книги за кои публиката и критиката се едногласни: неколкумесечен бестселер, роман обожаван од читателите и роман што се закитува и со најпрестижната американска книжевна награда, Пулицеровата награда за проза.

seta svetlina

  1. Јас сум Малала: девојката којашто се бореше за образование и беше застрелана од талибанците – Малала Јусафсај, Кристина Лемб

Извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите.

malala

  1. Те чекам – Џенифер Арментраут

Приказната за 19-годишната Ејвори Морганстен и неверојатно згодниот синоок Камерон беше номинирана за наградата „Најдобар роман за млади“ од YALSA, а сè уште е еден од најчитаните романи на листите од светски познатата интернет-страница наменета за љубители на книги, goodreads.com, што брои 40 милиони членови. Минатата година беше најпродаван љубовен роман за млади според најголемата интернет-продавница во светот amazon.com.

te cekam

  1. Безнадежно – Колин Хувер

Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна, навидум безнадежна, за средбата помеѓу двајца млади луѓе што ќе ве врати во времето на вашата прва љубов.

beznadezno

  1. Исповеди – Колин Хувер

Добитничка на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите.

ispovedi

  1. Сите светли точки – Џенифер Нивен

Омилениот бестселер на „Њујорк тајмс“ што „Ентертејнмент викли“ го опиша како „блескав роман што ќе ви влезе под кожа“. Долго ќе ја паметите оваа трогателна и непоколеблива приказна за љубовта, животот и двајцата тинејџери што ќе се најдат на еден раб.

site svetli tocki

  1. Дневникот на Бриџит – Џонс Хелен Филдинг

Оваа книга е најдобро опишана во зборовите на магазинот „Тајмс“: „Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“.

bridzit

  1. Момчето што се скри во златното јаболко Марко Цепенков и Танас Вражиновски, илустрации Катерина Николовска, адаптација на текст Билјана С. Црвенковска

„Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!“

zlatnoto jabolko

  1. Двата цараМарко Цепенков и Танас Вражиновски, илустрации Катерина Николовска, адаптација на текст Билјана С. Црвенковска

„Одеднаш, низ дрвјата здогледа една срна како трча. Срната бегаше и бегаше, но се сопна од една пенушка и падна. Во моментот кога царскиот син се приближи до неа, срната му проговори: „Немој, те молам, не ме убивај!“

dvata cara

  1. Вејко северкоМарко Цепенков и Танас Вражиновски, илустрации Катерина Николовска, адаптација на текст Билјана С. Црвенковска

„Талкаше така дење и ноќе, преку седум гори и седум планини, за да стигне на крајот до куќата на Северко. Детето тропна на вратата, но северко не беше дома, па тоа си седна на прагот да го почека. Одеднаш, нешто почна да фучи. Сè се затресе. И ете ти го Северко, студен и намуртен!“

vejko severko

  1. Девојчето и дванаесетте месециМарко Цепенков и Танас Вражиновски, илустрации Катерина Николовска, адаптација на текст Билјана С. Црвенковска

„Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се поубави, а кои полоши?“ „Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец“.“

12 meseci

Advertisements