Белата куќа ја објави листата на пет наслови на книги кои американскиот претседател ги чита за време на својот двонеделен летен одмор.
Според соопштението, американскиот претседател е љубител во мемоарите и научната фантастика, пренесува АФП.
Меѓу книгите кои во моментов ги чита претседателот Обама е и делото на добитникот на Пулицеровата награда, Вилјам Финеган, автобиографија под наслов „Варварски денови: Сурферски живот“, во која тој ја опишува својата пасија сурфањето и балансирањето помеѓу животот и работата, што е тема, која според наводите на агенциите, е многу блиска до животот на претседателот.
Барак Обама ова лето ја чита и книгата „Подземна железница“ на Колсон Вајтхед во која е опишано макотрпното патување на младите црнци кон слободата.На листата се наоѓа и „Х како Хавк“ на Хелен Мекдоналд, во која се зборува за жената која скротува птица грабливка, по смртта на нејзиниот татко.До крајот а својот одмор, претседателот на САД ќе ги прочита и психолошкиот трилер „Девојката од возот“ на Пол Хокинс и научно фантастичната авантура за постапокалиптичниот свет „Севенивс“ на Нил Стивенс.
Овогодинешното летување на семејството Обама е на островот „Лозјето на Марта“ – Martha’s Vineyard во Масачусец, трет по големина остров на источниот брег на САД.
Извор: