Во 2016 година се обележува 150-годишнината од раѓањето на Беатрикс Потер, една од најсаканите авторки за деца во светот, која го одземаше нашето внимание повеќе од сто години со нејзините прекрасно илустрирани приказни!
Неверојатниот живот на Беатрикс Потер го прославуваме преку изданија на македонски јазик од нејзините приказни како дел од едицијата „Илустрирани детски класици“ и ќе се стремиме да понудиме увид во светот на жената чиешто наследство остави трајно влијание врз многумина во Обединетото Кралство и ширум светот.
„Приказната за зајaчето Питер“, напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.„Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.
Приказната за Бенџамин Зајчевски
„Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка.
Убавка Трепетковска, една вистинска госпоѓа мачка, покани гости на чај. Пред да дојдат гостите, таа ги искапе, ги исчешла и ги облече во отмени алишта нејзините три мали мачиња: Ракавичка, Метличка и Мачето Том. Но, г-ѓа Убавка Трепетковска направи една гооолема грешка – ги испрати мачињата да си поиграат надвор во дворот додека да пристигнат гостите. И како што можете да претпоставите, тие западнаа во секакви неволи…„Приказната за мачето Том“ од Беатрикс Потер е забавна приказна, но и поучно четиво за малите и не секогаш послушни палавковци.
Приказната за двете лоши глувчиња
„Приказната за двете лоши глувчиња“ од Беатрикс Потер е приказна за две мошне лошички глувчиња и една преубава куќичка за кукли. Том Палчето и неговата жена Хунка Мунка се глувчиња чијашто дупка излегува во собата на едно малечко девојче. Среде собата се наоѓа една голема и убава куќичка за кукли, а во неа живеат двете куклички – Лусија и Јана. Но, штo се случи кога Лусија и Јана излегоа на прошетка? Какви бељи направија двете лоши глувчиња?