Буенос Аирес – светската престолнина на книжарниците

Со 734 книжарници, Буенос Аирес има повеќе книжарници по човек од кој било друг град во светот, со што стекнува углед на метропола посветена на книжевноста.

4c410251e0146b2edd2b8b1d64a02047-buenos-aires

Буенос Аирес

Буенос Аирес, престолнината на Аргентина, е сведок на многу политички настани, превирања, масовни имиграциски бранови кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, а денес е дом на речиси три милиони луѓе. Она што навистина го прави овој град посебен е неговата култура и неверојатната љубов на градот кон книжевноста.

Буенос Аирес е дом на многу стари и многу познати книжевни кафулиња, како „Café Tortoni“, „Café La Biela“, „Esquina Homero Manzi“, „Confitería Las Violetas“, „Confitería London City“ и „Confitería Hotel Castelar“.

Screen Shot 2016-08-09 at 11.44.56

Најстарото кафуле во Аргентина, „Café Tortoni“, било основано во 1858 година. Тоа било домаќин на многу познати личности во текот на годините, како Хорхе Луис Борхес, Карлос Гардел и Алфонсина Сторни.

Овој град е исто така домаќин на Меѓународниот саем на книгата во Буенос Аирес и со околу еден милион посетители секоја година веројатно е најважниот годишен книжевен настан во шпанскиот свет.

DYN38.JPG

Меѓународниот саем на книгата во Буенос Аирес.

Има многу различни теории зошто луѓето од Аргентина и Буенос Аирес толку многу го сакаат читањето, но останува фактот дека кога станува збор за бројките, овој град е знаменосец во многу области. Со 734 книжарници, овој град има повеќе книжари по човек од кој било друг град во светот. Кога станува збор за книжарници со стари книги по човек, тој е на трето место во светот. Антонио Далто, бизнис-менаџер на книжарницата „Ateneo Grand Splendid“, го опишува овој културен феномен:

„Културата е многу важна за луѓето во Буенос Аирес. Дури и младите деца читаат книги, ги гледаме тука секој ден. Книгите за тинејџери најмногу се продаваат“, рече Далто.

Исто така, изгледа дека Аргентина има повеќе психолози по жител од која било друга држава на светот, што може да се поврзе со нејзината љубов кон книжевноста и читањето, како форма на задоволување на љубопитноста за тоа како функционира мозокот и како ни влијаат емоциите.

Убедливо најпознатата книжарница во Буенос Аирес е „El Alteneo Grand Splendid“. Во 2008 година, таа беше назначена за втората најубава книжарница во светот од страна на „Гардијан“. Била изградена во 1919 година како театар (дизајнирана од архитектите Перо и Торес Арменгол) под името „Teatro Gran Splendid“.

AE3NNN Buenos Aires. Mega bookstore El Ateneo. Converted Theater Grand Splendid, now the largest bookstore of Latin America.

El Alteneo Grand Splendid

Во 2000 година театарот беше реновиран и претворен во книжарница под насоките на архитектот Фернандо Манзоне. Taа привлекува неверојатен број луѓе – повеќе од милион посетители годишно.

„Al Alteneo“ е можеби најрепрезентативната книжарница во Буенос Аирес, но бидејќи таа не е единствениот скапоцен камен меѓу книжарниците, ајде да споменеме и неколку од другите.

tumblr_misa8rAmIv1qayvs7o1_500

„Walrus Books“ е центар за користени стари книги и тоа е место што може да биде интересно за странските туристи.

Libros del Pasaje 1

„Libros del Pasaje“ е книжарница што успешно ги комбинира книжевноста, кафето и музиката – место каде што посетителите можат да останат и да уживаат извесно време.

11

„Dain Usina Cultural“ себеси се нарекува „Културолошка фабрика“, место каде што се негува културата во сите нејзини форми.

Eterna-Cadencia-1

„Eterna Cadencia“ е уште една книжарница во Буенос Аирес што нуди повеќе од обично купување книги – тоа е место каде што човек може да чита, да истражува и да јаде. Има и „дневна соба“ со каучи за посетителите да можат навистина да се почувствуваат како да се дома.

Буенос Аирес го вреднува своето културно богатство и исто така работи напорно за да изгради ново. Љубителите на книги ширум светот се среќни што гледаат дека книжевноста се цени и се истражува во овој извонреден град.

Advertisements