Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Летово е можност да се направи споредба на некои филмувани безвременски детски приказни. Најновата едиција „Детски класици“ на Арс Ламина ја нуди таа можност, во торбата за плажа покрај реквизитите за во вода да се најде и издание во кое ќе ужива и вашето дете.

Од најновата едиција „Детски класици“, препорачуваме четири безвременски приказни: „Принцезата и гоблинот“ на Џорџ Мекдоналд, „Приказната за Доктор Дулитл“ на Хју Лофтинг, „Морските самовили“ на Лајман Френк Баум и „Токму такви приказни“ на Радјард Киплинг.

princezata-i-goblinot-700x330-2

Принцезата и гоблинот“ е наменета за децата од практично сите возрасти, а по неа е направен и истоимениот анимиран филм.

Принцезата Ирина живее осамен живот во еден замок, во див, непрооден и самотен планински предел.

Еден дождлив и здодевен ден во замокот, кога нејзината дадилка ќе ја остави сама, таа открива стрми, кривулести скали што ги нема видено претходно. Скалите водат до еден чуден лавиринт од ходници, празни соби и заклучени врати и кон нови скали што водат кон највисоките делови од замокот.

Што ќе пронајде принцезата таму? Дали прстенот што ќе го добие како подарок од една мистериозна личност може да ја заштити од страшните гоблини под планината?

Дали можеби нејзиниот нов пријател Курди, синот на рударот Петар, може да и помогне?

Dr-Dulitl

Приказната за Доктор Дулитл“ е мошне популарна кај децата ширум светот.

Џон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака животни – факт што е очигледен поради „златната ришка во езерцето на долниот крај од градината… зајаците во оставата, белите глувци во неговиот клавир, верверицата во плакарот со покривка и ежот во визбата“. Покрај тоа што многу ги сака и решава да ја напушти својата редовна лекарска практика и да стане лекар за животни. Доктор Дулитл умее и нешто што другите лекари не умеат – да разговара со животните!

Решен да им помогне на сите животинки на кои им е потребна помош, Доктор Дулитл тргнува на пат кон Африка, откако ќе разбере дека тамошните мајмуни се разболеле од сериозна болест. На неговото патување го придружуваат неговите верни пријатели: папагалот Полинезија, бувот Ту-Ту, патката Даб-Даб, песот Џип, прасенцето Габ-Габ и мајмунот Чи-Чи.

morskite-samovili

Морските самовили“ е помалку позната приказна на авторот на „Волшебникот од Оз“, но исто толку магична, па гарантирано ќе ги внесе децата во непредвидливиот и волшебен свет на морските длабочини.

Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ѝ, капетан на едреник, мајка ѝ и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.

Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.

tokmu-takvi-prikazni

Токму такви приказни“ на Радјард Киплинг, авторот на „Книга за џунглата“, претставува класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.

Наменета за деца над 9 години, оваа книга содржи разни приказни, на пример како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Книгата ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s