Силјан Штркот – наш книжевен устав

image2Волшебник со бои. Мајстор на надреални ситуации и доживувања. Сплотувач на култури, трагач по нови предизвици. Неговите платна ги има од Јапонија до Америка, а на тој пат ќе подзастане со неговата четка и со напластените впечатоци, ќе прочита некаде нечии стихови, ќе исполни некое ново оптегнато бело платно и назад кон неговиот дом, во потрага по новата нијанса на палетата живот. Ова е библиотеката на академскиот сликар Сергеј Андреевски.

Која книга во одреден период од животот влијаелa на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Книга што за мене е алфа и омега на човековото битисување е Библијата. Таму е содржано сè она што нè следи и што ќе нè следи во текот на животот, па дури и на она што доаѓа по нашето физичко отсуство. Ништо не е поубаво и посилно од патувањето со Библијата. Јас не би ја заменил со ниедна книга.

Лик од книга кој ти бил кошмар?

Ликот на Тарас Буљба сè уште не е излезен од мојата меморија. Тоа е книгата што ја прочитав како дете, романтиката, суровоста, искреноста, а пред сè честа што денес буквално ја нема е она што сè уште го држи мојот поглед и став дека вербата во честа и висината сè уште постои и во овој глобален суров свет.

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од трипати?

Карлос Кастанеда ме опијануваше. Долго го читав, често уживајќи бев дел од сите алхемиски надреални случки. Фасциниран бев од тој чуден магиски обред. Исто така, Силјан Штркот е расказ што ме следи и до ден-денес, богат, надреален, најпрекрасен. Треба да се учат нашите деца да го толкуваат уште од предучилишна возраст, тоа е нашиот книжевен устав.

Дали имаш професионален предизвик да направиш илустрации за некое книжевно дело и кое?

Илустрации правам често, обично поетски книги. Ги читам, размислувам и онака проџвакани излегуваат преку моите раце. Поезијата на Славе Ѓорго Димовски често ја илустрирам. Сакам да илустрирам поезија од африкански автори, каде што постои ритам на стихови.

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

Во последно време сè помалку време имам за читање, иако многу книги ме оставаат недоречен или посакувам да ги дочитам, сепак победник е времето, тоа гази немилосрдно. Можеби трката со компјутерот што ја губиме уште на почетокот е клучна. Утрово се обидов да читам поезија од словенечката поетеса Станка Храстељ, но успеав да прочитам само три песни. Премалку, меѓутоа тоа е вистински реален момент на задоволство на читање.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Месечарска земја“ – Миа Коуто.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s