„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса

Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса.

Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите.

ispovedi 700x330pix blog

„Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно.
 Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.

Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.

За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

„Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса… напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s