Романот напишан од компјутер за малку до книжевна награда

Романот што е напишан од вештачка интелигенција и мала помош на човечкиот фактор го помина потесниот круг на конкурсот за национална книжевна награда на Јапонија. За среќа или несреќа, не освои награда, но овој обид претставува чекор напред во областа на вештачката интелигенција

robot-writing_1024

Делото „Ден кога компјутерот напиша роман“ е напишано од вештачка интелигенција и мала помош на човечкиот фактор и влезе во изборот за книжевната награда „Хоши Шиничи“ (© Maxuser/Shutterstock.com)

Иако мислев дека на мојата работа не ѝ се заканува автоматизација, компјутерот не би можел да ја повтори сложената креативност на човечкиот јазик или да создаде компактна приказна, можеби не сум во право. Писатели, внимавајте, бидејќи романот напишан „од раката“ на вештачката интелигенција само што го мина првиот круг на конкурсот за националната награда на Јапонија.

Делото на кое оваа програма му беше коавтор е наречено „Ден кога компјутерот напиша роман“ и влезе во изборот за книжевната награда „Хоши Шиничи“, што и во минатото беше отворена за „нечовечки“ пријави, ама оваа година првпат жирито доби дело од автор – вештачка интелигенција. Од 1.450 пријави, 11 делумно беа напишани од некои програми.

Еве примери што можат да послужат како идеја за тоа со кого или со што се натпреваруваа другите автори:

Пишував со радост што ја почувствував првпат и со возбуденост продолжив да пишувам. – „Денот кога компјутерот напиша роман“, компјутерот ја става како приоритет потрагата по сопствената радост и престанува да работи за луѓе.

Јапонскиот книжевен конкурс прифаќа и дела што не се напишани од луѓе, туку од вештачка интелигенција или роботи како овој на IBM (© John MacDougall / AFP/Getty Images)

Тимот кој го создаде овој книжевен робот го предводеше Хитоши Макубара, професор на Универзитетот „Хакодате“. Тие претставуваа водич за оваа вештачка интелигенција, одлучувајќи за полот на ликовите и заплетот. Исто така, ги подготвуваа и речениците што програмата потоа ги користи самостојно за да „напише“ книга.

„Досега, вакви програми се користени за проблемите што имаат решенија, како што се Го и Шоки (н.з. друштвени игри). Во иднина би сакал да го проширам потенцијалот на вештачката интелигенција така што би потсетувала на човечката креативност“, вели Макубара.

На прес-конференцијата по повод настанот, писател на научна фантастика коментираше: „Изненаден сум од добрата структура на романот, иако сè уште постојат некои проблеми што треба да бидат надминати ако се стреми кон потенцијална награда, како што се опишувањата на јунаците“. Романот не освои награда, но овој обид покажува потенцијал за напредување во оваа област.

Некои тврдат дека овие програми имаат смисла кога се во прашање Го и Шоки, но вештачката интелигенција има многу подобри перформанси кога е здружена со луѓе.

За шаховски екипи составени од луѓе и роботи, на пример можат само да сонуваат за екипите составени само од луѓе или од роботи. Можеби и иднината на книжевноста подразбира заедништво или коавторство на човекот и компјутерот.

Извор

Advertisements