Продадена е книгата со бајки сопственост на Ана Франк

Збирката бајки на која се наоѓа потписот на Ана Франк е продадена за 62.500 долари на аукција во Њујорк, односно двапати повеќе од почетната цена, соопшти галеријата „Сон аукшн“, што ја организираше продажбата.

ana2

Станува збор за книгата бајки на браќата Грим на германски јазик, што ѝ припаѓала на Ана, а во која се наоѓаат и приказните за „Пепелашка“, „Снежана и седумте џуџиња“ и „Ивица и Марица“. На првата страница на книгата, што е објавена во 1925 година, Ана го напишала своето име и името на сестра си Маргот. Таа ја заборавила книгата во станот кога нејзиното семејство бегало, за да се спаси од нацистите.

На аукцијата книгата имала почетна цена од 30.000 долари, а е продадена со наддавање за само неколку минути по цена од 62.500 долари.

ana3

Ана Франк, една од најпознатите жртви на холокаустот, јавноста ја запозна по нејзиниот дневник што е продаден во 30 милиони примероци, а е преведен на 70 јазици. Таа му помогна на светот да го доживее холокаустот „лично“ и да ги зачува свежи спомените меморијата за него, за да не се повторат.

Advertisements