Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто

Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век.

mesecarska zemja 700x330

Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто го освежува и го пресоздава португалскиот јазик, осмислувајќи и нов модел на африкански наратив. Ценет во светските литературни кругови, веќе во 2007 година станува првиот писател од Африка кој ја добива видната литературна награда на Латинската унија на романски јазици. Шест години подоцна ја добива и наградата „Камоиш“, а веќе наредната исклучително престижниот „Нојштад“; во 2015 година влегува во најтесниот избор за меѓународен „Букер“.

Неговиот прв роман, „Месечарска земја“, е прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Дејството во романот се случува на крајот на граѓанската војна во Мозамбик кога кулминира конфликтот меѓу спротивставените страни. Туахир, човек во години, и Муидинга, младо момче кое закрепнува од болест, наидуваат на запален автобус и мртви тела покрај патот во воената зона. До едно од телата наоѓаат врзоп тетратки напишани од човек по име Киндзу. Користејќи го автобусот како засолниште, Туахир и Муидинга ги читаат дневниците на Киндзу кои го артикулираат раѓањето на независен Мозамбик и напорот да се создаде стабилна држава токму пред граѓанската војна. И додека зборовите на Киндзу се нурнуваат во потрага по она што можело да биде различно, во виорот на нехуманоста, полека се зближуваат две човечки судбини.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s