„Современост“ – симбол за македонската книжевност

Korica br. 1 - 2016Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“ со промоцијата на јубилејниот број на списанието, одбележa 65 години од постоење. Во чест на јубилејот во НУБ „Климент Охридски“ е поставена ретроспективна изложба што го прикажува развојот на списанието низ годините, што непрекинато излегува од 1951 година и на своите страници ја создавало историјата на македонската книжевност. Тоа е повод за интервју со главниот и одговорен уредник на „Современост“ Славчо Ковилоски.

Современост“ е еден од ретките медиуми во земјава што одбележува 65 години постоење, синоним за истрајност во различни развојни контексти, како Вие – уредувачкиот тим, го доживувате овој јубилеј?

Како списанието да чекало на нас шест и пол децении, ние да му го одбележиме јубилејот, ха-ха. Се шегувам… Убаво е чувството кога се знае дека списанието е старо речиси колку нашата држава и уште опстојува. Другите негови книжевни врсници згаснаа, ги нема, па можеби и затоа толку се трудиме „Современост“ да опстојува и понатаму. Бидејќи, луѓето се менливи и минливи, но списанието треба да остане симбол, синоним за македонската книжевност и историја.

izlozba po povod jubilejot 65 godini na sovremenost

Изложба по повод 65 години од постоење на списанието.

На страниците на „Современост“ се создавала македонската книжевност и историја, колку новите медиуми и брзината на информацијата го „загрoзува“ угледот или референтноста на „Современост“?

Подеми и падови секогаш имало и ќе има. Важно е колку добро ќе ги поднесеме новините и колку брзо ќе се приспособиме на нив. Денес има многу повеќе начини на информирање, од пред, да речеме, 20-30 години, многу повеќе можности за изразување, а сепак, хартијата останува хартија. Ова можеби звучи излитено, но кога ќе ги видите стотината томови на списанието наредени едни покрај други, перцепцијата се менува – сакате и вие да ставите алка во низата. Во принцип, угледот паѓа и расте зависно од активностите и од уредувачката политика, а сепак референтноста на „Современост“ останува. И денес многумина книжевници и историчари се повикуваат на статии објавени во списанието. Еве, пред два-три дена го добив списанието „Македоника“ (бр. 14-15/2016), во чиј прв текст, во првата фуснота, авторот се повикува на една наша неодамнешна објава. Наше е да продолжиме да објавуваме квалитетни текстови на кои понатаму ќе се повикуваат идните автори.

poranesnite i segasnite urednici - od levo kon desno - georgi stalev, slavcho koviloski, elena prendzova, zdravko stojkoski i vasil tocinovski

На поранешните главни уредници Георги Сталев и Васил Тоциновски им беа доделени признанија за долгогодишната работа во литературата.

Колку денешните автори имаат однос кон ова списание за книжевност, знаејќи го неговото влијание во минатото?

Добро рековте: „знаејќи го неговото влијание во минатото“, но не треба да останеме само на минатото. Навистина, моќта на списанијата денес е значително намалена, но кога некој сè уште зборува за вас, негативно или позитивно, значи дека сте тука, постоите. Меѓутоа, севкупно гледано, со еден, два или евентуално три броја, не може премногу да се влијае на книжевната сцена. Затоа треба да се организираат настани, трибини, промоции… За денешните автори ќе тргнам од нас самите. Првите објави на тројцата денешни уредници на списанието (Славчо Ковилоски, Елена Пренџова и Здравко Стојкоски) се токму во „Современост“.

prenzdova, koviloski, stojkoski

Уредници на списанието „Современост“ денес се Славчо Ковилоски, Елена Пренџова и Здравко Стојкоски.

Која е денешната траекторија на „Современост“? Кои се денешните „современаши“, имајќи го на ум огромниот капитал на автори и дела оставени на страниците?

Да објавуваме колку што е можно помлади автори, но не по секоја цена, мислам на квалитетот. Истовремено, да не ги заборавиме и постарите. Тоа ќе го видите уште во содржините на списанието. Застапени се автори од генерацијата на 80-тите и 90-тите, но и автори од 30-тите и 40-тите години на XX век. Инаку, работиме ентузијастички, а отворени сме апсолутно за сите, под единствениот услов: да се зачуваат естетско-квалитативните норми на пишаниот збор. По подолго време објавивме трудови за музиката, за филмот, драмски текстови, покрај оние стандардните белетристички и научни трудови и многубројните осврти. А „современашите“ се сите оние што го чувствуваат списанието за свое.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s