Опијанета од мирисот на книгата што ја прочитав

Моја библиотека: Снежана Бодановска-Сани

По петнаесет години активно учество на модната писта и дваесет години новинарска кариера, модната хроничарка Снежана Бодановска-Сани го зачува од заборав своето искуство и го вкоричи во првaта книга за мода кај нас „Моите стории, мојот живот“.

image1Дали има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Иако животното време е толку минорно во однос на сите книги што би требало да се прочитаат, некои од нив едноставно мораат да се препрочитаат пред сè поради поинаквата искуствена визура. Затоа, „Малиот принц“ на Егзипери веќе наизуст го знам. „Волја за моќ“ на Ниче ми е при рака. „Уметноста на љубовта“ од Ерих Фром или „Љубовникот“ од Маргарит Дирас, како и „Хазардскиот речник“ на Милорад Павиќ се постојана инспирација. А Кундера и Ремарк гиимам препрочитано не знам ни самата колку пати.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Најчесто, разбирливо, тоа се ликови со слична животна кореографија, но и сценографија.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Мислам дека првиот литературен „шок“ ми се случи со сцената на убиството на бабата во „Злосторство и казна“ на Достоевски, што неприкладно си ја дозволив на 12 години исто како и „Идиот“, таква сугестивна шокантност како кај „Парфем“ на Патрик Зискинд на друго место немам сретнато. Книгата ја прочитав за една вечер и на крајот не само што физички го чувствував мирисот туку и одев како опијанета од него.

Која е најскапата книга што си ја купила во животот и каков однос имаш кон неа?

„The Fashion Book“ не само што е најскапо платената книга, чинеше сто евра, туку е и најгабаритна, но и една од најзначајните книги за мојата работа. Во времето кога немаше „Гугл“ одигра големо влијание во моето знаење за модата и многу сум горда што ја имам во таков формат, иако сега ја има и во џебно издание. Донесена е од Лондон, има почесно место, ја чувам како реликвија и ептен ја личи.

image2Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добила?

Книгата е совршен подарок меѓу другото и поради силината на меморијативниот момент на посветата, затоа сакам да ја подарувам, соодветно се разбира. А паметам една усна посвета што сè уште не е напишана, а требаше да се однесува на едно место во таа книга инспирирано од мене.

Кој наслов одАрс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Како ја изгубив невиноста“ од Ричард Бренсон.

Прва книга за мода

„Моите стории, мојот живот“ на Снежана Богдановска-Сани е прва книга за мода во Македонија, а во неа се сместени безвременски текстови што претставуваат едно глобално гледање на состојбите во модата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s