Скулптура од книги раскажува приказна за загубеното знаење

Три илјади книги во јама, покриени со стакло, се дело на скулпторката Сузана Хеселберг, уметница која честопати користи книги како инспирација за својата уметност.

slik1

Во близината на Архус во Данска има дупка во земјата, покрај крајбрежјето. Квадратестата јама е покриена со стакло и се протега надолу. Кога човек ќе се загледа повнимателно, ќе забележи дека нејзините ѕидови не се изградени со земја или со бетон, туку со книги! Тоа е подземна библиотека, непристапна од површината, со насловите скриени од очите.

Оваа скулптура е дело на Сузана Хеселберг, шведска уметница чиешто дело, што типично се однесува на фотографијата, ја истражува природата, луѓето и врските помеѓу нив.

slik2

Понекогаш, вели таа, концептот подобро се доловува со скулптура отколку со фотографија. Насловот на делото е длабоко трогателен и емотивен.

Насловот гласи Смртта на татко ми беше како цела библиотека да изгоре. Тоа се однесува на една песна од Лори Андерсон и зборува за знаењето што е секогаш загубено заедно со човечкото суштество. Хеселберг вели дека ова не е одраз на нејзиниот личен живот, туку истражување на стихот од песната.

Ова дело беше создадено со околу 3.000 книги, внимателно наредени и залепени една врз друга пред да се спуштат во земјата. „Нема ни огледала, ни илузии“, вели Хеселберг. „Само многу напорна работа.“

„За мене, книгите се симбол на човековото знаење и живот. Секоја книга е приказна, мал универзум во времето, просторот и мислите помеѓу две корици. Да се закопаат на овој начин може да биде како да се ископа човештвото или како гроб.“

slik4

Advertisements