Приказните од македонското творештво добија нов модерен идентитет во едицијата „Бајки од Македонија“

Илустрациите на сликовниците ги изработи Катерина Николовска чие идејно решение победи на конкурсот за избор на илустратор распишан од Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ „Браво сине“, на кој пристигнаа 38 решенија. Во насока на поддршка на креативноста, селекција од 15 пристигнати решенија ќе бидат изложени во просториите на „Јавна соба“ од 13. до 18. мај

Идејата за создавање модерен бренд базиран на традиционални вредности и свежи креативни идеи добива конкретен лик. Едицијата „Бајки од Македонија“ составена од четири бајки од македонското народно творештво веќе е достапна за љубителите на пишаниот збор.

FOTO-2_Angelka-Peeva-Laurencic-so-pobednickata---Katerina-Nikolovska(desno)-blog1

„Бајки од Македонија“ е составена од четири приказни од македонската усна традиција и тоа „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“. Илустрациите за овие бајки ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс објавен за оваа цел во конкуренција од 38 пристигнати решенија. Победничкото решение беше наградено со парична награда од 200.000 денари, а наградата ја обезбедува Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Покрај победничкото решение, јавно ќе биде изложена и селекција од 15 илустрации пристигнати на јавниот конкурс. Љубителите на креативноста ќе можат да ги погледнат во просториите на „Јавна соба“ во периодот од 13-18 мај 2016.

„Ни претставува огромно задоволство што и вториот проект „Бајки од Македонија“ заврши успешно, а особено нѐ радува фактот што токму на децата ќе им дадеме можност да ја развијат својата фантазија и да сонуваат. Задоволството е дотолку поголемо и поради фактот што нашата иницијатива за поддршка на креативниот израз кај младите е прифатен одлично и од ден на ден имаме сѐ повеќе поддржувачи кои сакаат да се вклучат и да дадат свој придонес. Тоа ни дава дополнителен мотив да продолжиме и понатаму и убедени сме дека ќе имаме уште многу успешни проекти кои ќе го покажат креативниот потенцијал кај младите, но и капацитетот на македонските компании за препознавање на можностите што ги нуди креативноста“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на „Браво сине“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со издавачката куќа Арс Ламина која беше избрана на јавен конкурс и во чие издание е оваа едиција. Изборот на бајки од македонското народно творештво е направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

FOTO-1_Bajki-od-Makedonija_Angelka-Peeva-Laurencic-(levo)-&-Biljana-Crvenkovska-blog3

Секоја сериозна издавачка куќа особено внимание ѝ посветува на детската литература, бидејќи на тој начин се создава идната читачка публика. Овој проект за нас е и од големо значење бидејќи издадовме една детска едиција која се темели на македонската традиција што има антологиска вредност. Наша цел беше овие традиционални вредности да им ги приближиме на денешните деца, навикнати на современиот начин на живот, и да ги направиме атрактивни за нив. Се надеваме дека сите заедно успеавме во тоа“, истакна Билјана Црвенковска, уредник во Арс Ламина, која ја изработи и адаптацијата на бајките.

Покрај наградената Николовска, професионален ангажман за илустрација добија и Оливер Коларовски, Александра Филиповска и авторскиот тим на Милош Ѓуровски. Тие се веќе ангажирани на посебни проекти на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Со реализација на проектот „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ даде свој придонес во приближување на македонското народно творештво до најмладите и поголема популаризација и реафирмација на традиционалните вредности. Основната мисија на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е да ја поддржи креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуелизација на автентичните национални вредности и нивно поврзување со македонските компании во насока на подигнување на конкурентноста на македонската економија. „Бајки од Македонија“ е втор годишен проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект „Слатко со идентитет“. Движењето го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион.

FOTO-3_Del-od-ilustraciite-za-Bajki-od-Makedonija-blog2

 

ГАЛЕРИЈА

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s