Ламба за читање пред спиење: „Лили Лит“

„Лили Лит“ е ламба за читање дизајнирана од Тирс Смитс и Лиедевиј, двојка од Холандија, која со овој производ има цел да го заокружи задоволството на читање книга.

Ова парче мебел е спој на книга, ламба и разделник. Вградениот сензор овозможува вклучување и исклучување на светилката без прекинувач. Кога ќе ја ставите книгата на местото на кое сакате да го сместите разделникот светилката ќе се исклучи, а кога ќе ја земете книгата од полица во раце автоматски се вклучува. Едноставно и лесно. Полицата што е составен дел на ламбата овозможува и другите книги, што ви се актуелни вам, да ви бидат при рака.

Advertisements