Маркес, за оние кои обожаваат да читаат современи класици

Ново од „Арс Либрис“ во едицијата Современи класици:

Четири наслови од еден од најзначајните прозаисти на XX век, добитник на Нобеловата награда за книжевност, Габриел Гарсија Маркес, кој е еден од ретките критички уважени автори лесно пристапни и за обичниот читател.

Љубов во време на колера

Markes-700x330-Ljubov-vo-vreme-na-kolera

Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса се соочува, последователно, со три сериозни пречки: неодобрувањето од таткото на Фермина, едно патување за заборав, и докторот Хувенал Урбино, најпосакуваниот ерген во областа. Последната пречка се чини погубна: набрзо Фермина се венча со Хувенал.

Но, Флорентино Ариса е поет, музичар, романтичар: педесет и една година, девет месеци и четири дена по нивната прва средба, на погребот на нејзиниот сопруг, со шапка принесена до срцето, Флорентино ѝ го повторува на Фермина својот завет за вечна верност и љубов. За волја на вистината — шестотини дваесет и две внимателно прибележани љубовни авантури подоцна.

На полковникот нема кој да му пишува

Markes-700x330-Polkovnikot

Еден пензиониран полковник, ветеран од Илјададневната војна, петнаесет години по ветувањето и официјалната одлука, ја чека својата пензија. Во меѓувреме, живее во скудни услови со својата жена-астматичар и еден петел, единствениот спомен од неговиот неодамна убиен син Агустин.

Болеста на жена му, безизгледноста на пензиските примања и хроничниот недостиг на средства го изложуваат полковникот на една незгодна неизбежност: да го продаде својот високо ценет петел, непоразен во арената.

Но — соочени со гордоста и достоинството — и неизбежностите се чинат минливи.

Хроника на една најавена смрт

Markes-700x330-Hronika-na-edna-najavena-smrt

Дваесет и седум години подоцна, неименуван новинар се обидува да го истражи убиството на Сантјаго Насар. Сведоците ги откриваат контурите на приказната: неколку часови по венчавката со Анхела Викарио, Бајардо Сан Роман ја враќа својата свршеница кај нејзините родители, тврдејќи дека не е невина. Анхела е принудена да го каже името на својот прв љубовник; нејзините браќа, близнаците Пабло и Педро Викарио, мигновно ја искажуваат својата намера да го убијат.

Но, меѓу одлуката и чинот на убиството стојат неколку луѓе што знаат дека ќе се случи и достатно време да го спречат. И додека истрагата разоткрива зошто ниту едното ниту другото не биле доволни, една цела заедница — а не само убијците — е исправена пред застрашувачка пресуда.

Есента на патријархот

Markes-700x330-Esenta-na-patrijarhot

Татко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.

Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.

Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s