Нултиот број на Умберто Еко

Нултиот број“, последниот роман на Умберто Еко, сега достапен и на македонски јазик. Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ.

Eko-700x330

Приказната, поставена во 1992 година, се врти околу еден таен писател, кој е повлечен во подземјето на медиумските политики и заговори за убиства, со алузијата дека Мусолини не умрел во 1945 година, туку живеел во сенките со децении.

Колона е недипломиран педесетгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка, кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фиктивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – соодветна тактика за условување на низа личности на високи позиции што не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.

Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.

„Овој тенок роман, што изгледа само како диверзија во споредба со неговите поепски дела, сепак е преполн со идеи и енергија“, Џон Вилијамс, „Њујорк тајмс“.

Умберто Еко (1932-2016) е италијански романсиер, теоретичар на книжевноста, филозоф, семиотичар. Веќе е нашироко цитиран во академските кругови кога го објавува „Името на розата“ (1980), историско-детективски роман што му ја носи престижната награда „Стрега“ и незабележано голема светска популарност. Сите негови наредни дела — „Фукоовото нишало“, „Островот од претходниот ден“, „Баудолино“, „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“, „Прашките гробишта“, „Нултиот број“ — се очекувани со нетрпение и со преддоговор за превод на педесетина јазици. Се смета за една од најважните книжевни фигури на ХХ век.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.