Моја библиотека: Јане Карајанов
Некогаш успешниот пливач-маратонец Јане Карајованов, денес е врвен, лиценциран тренер по пливање, кој своето знаење несебично го споделува со надежите од пливачкиот и ватерполо клуб „Орион“ на Олимпискиот базен. Успешните тренинзи што ги одржува се резултат на километрите минати во базен, на неодамнешното доусовршување во Олимпискиот центар „Колорадо Спрингс“ и во матичниот клуб на Мaјкл Фелпс, пливачкиот клуб „Балтимор“, но и на километрите исчитани книги за пливањето.
Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?
Без многу размислување, тоа е „Its not about the bike“, автобиографијата на Ленс Армстронг, книгата е напишана во периодот кога му е дијагностициран канцер на неговите тестиси и кој потоа метастазирал во белите дробови и во главата. Тоа е книга за човекот кому му предвидувале само 40% шанса да преживее и кој подоцна успеа да победи на „Тур де Франс“, една од најтешките, ако не и најтешка спортска манифестација. Целиот пат на лекување, па повторно враќање и на крајот победа на Армстронг, во периодот кога бев активен како спортист, на мене влијаеше мотивирачки. Подоцна, во 2012 година, се виде дека сите победи биле со помош на допинг, а сепак неговото враќање „од мртвите“, а потоа и уште десетте учества на „Турот“ е нешто што мотивира и што не може баш секој да го направи. Моментално го чекам филмот „The Program“, каде што Бен Фостер го глуми Ленс Армстронг и кој е направен токму според книгата „Seven deadly sins“ од новинарот Дејвид Валш, кој и го разоткри Ленс и љубопитно чекам да видам како ќе изгледа тоа.
Лик од книга кој ти бил кошмар?
Па, и немам некој особен лик-кошмар, бидејќи читам епска фантастика и научна фантастика. Почнувајќи од „Господарот на прстените“ со неговите почетоци како „Силмарилион“, „Хобит“, па сè до оние актуелните „Игра на тронови“, „Хари Потер“ и уште неколку од тој жанр како трилогијата „Necromancer: Sabriel, Lirael and Abhorsen“ од Гарт Никс. За среќа, сè уште сум немал кошмар, така што верувам дека нема да имам ниту понатаму. Уживам во тоа што го читам.
Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од трипати?
Да, тоа се пред сè стручни книги што се од областа на пливањето како „The Swim Coaching bible“ од Дик Ханула, „Long term athlete development“ од Дејвид Меј… Тоа се книги што ги користам во секојдневието зашто имаат совети, примери и тренинг-програми што се испробани и испливани од најголемите светски пливачи.
Дали паметиш некоја илустрација на книга?
Иако книгите не ги одбирам по илустрациите, сепак има илустрации што се паметат. Во последно време читам исклучиво стручни книги што како илустрации користат фотографии од спортисти или од спортски настани што остануваат врежани во аналите на светскиот спорт. Така што, паметам такви фотографии што биле користени како илустрации. Сепак, кај мене сè се врти околу спортот.
Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?
„Пеколот“ (Inferno) од Ден Браун. Досега ги имам прочитано сите книги од Ден Браун и сите ги читав без да ги оставам, во еден здив. А сега ја чекам најновата книга за Хари Потер „Проколнатото Дете“, мислам дека таа ќе го има рекордот за најбрзо прочитана.
Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?