На многумина ни се има случено со задоцнување да вратиме книга во библиотека, но Џејмс Филипс од Минесота книгата ја вратил со задоцнување од 49 години.
Книгата „Историја на Крстоносните војни“ ја земал од библиотеката на Универзитетот во Дејтон, Охајо, каде што студирал и ја задржал кај себе дури 49 години. Тој книгата ја пронашол во стара кутија во која биле сместени работи од факултетските денови, по што своерачно напишал кратка порака и ја пратил по пошта во библиотеката:
„Ве молам, примете го моето извинување поради долгото задржување на книгата ’Историја на Крстоносните војни‘. Очигледно сум ја позајмил кога сум бил прва година на факултет и некако се загубила во текот на овие години“, напишал Џејмс.
Според библиотеката, Филипс требал да плати 350 долари, но тие се откажале од библиотечната казна