Трибина на тема „Авторски права: состојби и предизвици во Р. Македонија”

Авторските права на издавачите во фокусот на денешниот Саем на книгата.

На трибината во организација на „Арс Ламина публикации” дискутираа Ванчо Каранфиловски – „Табернакул”, Дарко Фиданоски – „Арс Ламина – публикации”, Драгана Ќурчиоска – Министерство за култура и Дарко Константиновиќ – адвокат.

TRIBINA avtorski pravaДискусијата ја отворија издавачите „Табернакул” и „Арс Ламина – публикации”, со проблемите со кои се соочуваат:

„Во минатото имавме искуство со пиратерија на учебниците што ги печатевме, а имаме искуство и со колеги-издавачи кои објавуваат книги без авторски права, за кои ние ги поседуваме правата. Имаме и искуство и со сродните права, односно правата на преведувачите, чии преводи се земаат и со мали модификации се објавени од други издавачи” – Ванчо Каранфилов.

„Авторските права за Габриел Гарсија Маркес, по долги преговори, за Македонија ги доби нашата издавачка куќа, а на нашиот пазар знаеме дека години наназад постојат многубројни преведени и издадени дела од овој автор, без да се регулираат авторските права. И покрај известувањето на колегите-издавачи да ги повлечат тиражот на овој автор, тие уште слободно продаваат, па дури и на овој саем. Со ова, директно сме оштетени како издавачи, потоа авторитеили носителите на правата, а на крајот и читателите” – Дарко Фиданоски – „Арс Ламина – публикации”.

20160412_121837Издаваштвото во Македонија е регулирано со Законот за издавачка дејност, што пропишува стандарди за вршење на дејноста, издавање, дистрибуција и промет на публикации во печатен и електронски облик во повеќе примероци за јавноста. А со Законот за авторски права и сродните права се регулираат правата што произлегуваат од изданијата на издавачите, на уметниците-изведувачи, на произведувачите на фонограми, на произведувачите на видеограми, на радио и телевизиски организации, на издавачите и на изготвувачите на бази за податоци над своите предмети и на сродните права, остварување и заштита на авторското право и сродните права и важењето на законот.

„Во спроведувањето на овие два законa можни се прекршувања на одредбите, во смисла на посегнување по туѓо право, во случајот право на писателите и право на издавачите, што има директни последици врз дејноста” – Драгана Ќурчиоска – Mинистрство за култура. „Точнo е дека правата на издавачите и сопствениците на авторски права во Македонија се регулирани и за нив постои кривична и граѓанска заштита, но таа во практиката тешко се остварува. Сметаме дека работите би се измениле доколку се предвидат и прекршочни санкции за повреди на авторските права” – Дарко Константиновиќ – адвокат.

Издавачите го поздравија Законот за издавачка дејност во делот на инпекцискиот надзор за дејноста, што почна со примена од 2015 година.

Заклучоците од трибината се дека треба да се поттикнат издавачите и носителите на авторски права да ги употребат сите механизми што правниот систем ги овозможува за заштита на своите права, па тоа и да значи долги судски спорови, но очигледно е дека некој мора да почне прв. Воедно, говорниците, во присуство на претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов, се договорија за иницирање воведување прекршоци во Законот за авторско право и сродни права, во делот на санкционирање повреди на права на издавачите и авторите на делата. А Mинистерството за култура ги охрабрува издавачите за почнување на остварување на правото на надоместок од копирање за приватно користење, пропишан со Законот за авторско право и одлука на владата за одредување на висината на надоместокот од 2011 година. Дополнително, МАИ и Министерството за култура ќе соработуваат за искористување на потенцијалните можности за вклучување во проекти финансирани од ЕУ, што се однесуваат на подигнување на свеста за заштита на авторските права и соодветна едукација.

Advertisements

2 thoughts on “Трибина на тема „Авторски права: состојби и предизвици во Р. Македонија”

  1. Пингување: Македонска книжевност на секој дел од светот | Literatura.mk

  2. Пингување: Издавачите станаа инспектори | Literatura.mk

Comments are closed.