Саем на книга 2016: Арс Ламина со 400 нови наслови и многу изненадувања

100 книги подарок, попуст и до 70%, многу нови и атрактивни наслови, креативни работилници за деца и математички игри и многу други изненадувања за посетителите на штандот на Арс Ламина на Саемот на книга

^5D87285CE4486ECEE08BBBB2BA8E5D767D3F2E1E2933939E3B^pimgpsh_fullsize_distr
Централно поставени, на површина од 120 m2 штандот на издавачката куќа Арс Ламина публикации на годинашниот Саем на книга, што се одржува од 12 до 18 април, е задолжителното место за посета.

Новите 400 нови наслови објавени меѓу двата саема, вбројувајќи атрактивни изданија од белетристиката, детската литература, стручната литература, учебниците и едукативно-дидактичките помагала, ја прават уникатната понуда на Арс Ламина.

„Оваа година, во рамките на Саемот на книга, Арс Ламина ќе ги промовира преводите на светските бестселери – добитници на престижни награди. Црвената кралица од Викторија Авејард, Сите светли точки од Џенифер Нивен, Сета светлина што не можеме да ја видиме од Ентони Дор, добитник на Пулицерова награда, Нултиот број од Умберто Еко, Оди, постави стражар од Харпер Ли, Исповеди на Колин Хувер, трилогијата Бриџит Џонс – се само дел од нив“, вели Бранка Бугариска, раководител на издаваштво во Арс Ламина публикации.

^2EF986A66D3FE9E79560EBDBDFA169A25902B2AB58C56AE1E0^pimgpsh_fullsize_distr„Како носител на правата за објавување на опусот на Габриел Гарсија Маркес во Македонија, Арс Ламина првпат издава пет дела од Маркес со регулирани авторски права на домашниот пазар“, истакнува Бугариска. „Издавањето со регулирани права е од особена важност ако сакаме издаваштвото во Македонија да го поставиме на здрави нозе. Оттука, во рамките на Саемот, Арс Ламина ќе организира и трибина на оваа тема, со цел да се најдат поефикасни механизми за справување со премногу честите прекршувања на авторските права во нашата индустрија“, објаснува Бугариска.

^400860CF337B1CEF7BCA2FB046D3B96E295647B9008E7D847A^pimgpsh_fullsize_distrТрибината со наслов „Авторски права: состојби и предизвици во Р. Македонија“ е закажана на 12.04 со почеток во 11 часот, а поканети се и автори, претставници од издавачки куќи, релевантни институции и медиуми.

detski klasiciНа штандот на Арс Ламина, посебно место е издвоено и за детските изданија, а меѓу нив е најзначајна е новата едиција „Детски класици“, наслови што се првпат преведени и објавени на македонски јазик: Морските самовили од Л. Френк Баум, Приказната за Доктор Дулитл од Хју Лофтинг, Принцезата и гоблинот од Џорџ Мекдоналд и други. Издавачката куќа се придружува и во одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на детската писателка Беатрикс Потер, со објавување на серија изданија од нејзиното перо, исто така првпат на македонски јазик.

^DE81C52BA5FA9268C50122EAB5D122CAE78B52C34900D7008C^pimgpsh_fullsize_distr

Новиот серијал „Учиме со Софија“, заедно со останатите веќе добро познати детски изданија на авторката Билјана Црвенковска, меѓу кои и најпродаваниот детски роман Што сонуваше Дедо Мраз, е повод за средба со неа на штандот во рамките на Саемот на книгата. Црвенковска ќе биде достапна за најмладите читатели кои сакаат да ја запознаат авторката на нивните омилени ликови – Пчеличката Маја, Дина и Додо, Матеј и Луна, и да си добијат автограм.

^7635FC730899CDEE6CD41936E90B51B14A37446B481005F1CB^pimgpsh_fullsize_distr

Секој ден на штандот на Арс Ламина ќе се одржуваат и креативни работилници за деца, кои ќе вклучуваат забавни активности, боење, цртање, решавање, играње математички и други дидактички и забавни игри, обезбедувајќи интерактивност помеѓу читателите и понудата што ја нуди оваа издавачка куќа, но и други изненадувања и награди.

На 14.04.2016 со почеток од 13.00 часот е закажана и промоција на првиот Лексикон по физика од Виктор Урумов, пензиониран професор по физика на ПМФ. Урумов посветил повеќе од 35 години работа на составување на овој лексикон, кој претставува одговор на потребата за зацврстување на терминологијата од областа на физиката.

^1F5EAB3BA8263DE7C2D34905EB51AF6353E745F6CC9115DC00^pimgpsh_fullsize_distr

Изданијата на Арс Ламина на саемот ќе бидат достапни со попуст и до 70%, а посетителите на штандот ќе бидат во можност да добијат една од 100 книги-подарок.

Advertisements