Препрочитувам книги, но и стрипови

Моја библиотека: Наташа Поплавска

Режисерката Наташа Поплавска ја разбранува домашната театарска сцена со нејзината последна премиера, бројдвејскиот мјузикл „Чикаго“ во МНТ, иако за неа последниот период е особено продуктивен. Едно по друго ги потпиша претставите „Буре Барут“ во Прилепскиот театар, „Лисистрата“ во театар „Комедија“ и „Црнината ѝ прилега на Електра“ во МНТ. Но, за книгите секогаш има место, па дури и меѓу проби, и макар тоа да значи препрочитување на дадениот драмски текст, затоа што литературата е прва љубов.

FullSizeRender-1-1-1Дали има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Има многу книги што сум ги препрочитала повеќепати. На пример, сите драмски текстови што сум ги работела, а и некои антологиски дела. Драмските текстови како режисер ги читам повеќепати во текот на мојата подготовка пред почеток на работа, а и додека размислувам што би поставувала следно, често препрочитувам драми. Други дела препрочитувам заради сознавање на нешто ново, земајќи предвид дека ракурсот на гледање и примање на пораките се менува во зависност од возраста и животното искуство. Така што, многу дела од Достоевски, на пример „Идиот“, „Пикова дама“, „Злосторство и казна“ или делата на психоаналитичарите Јунг, Фројд, потоа делата на Платон, како неговата „Држава“ и многу други сум ги читала повеќепати. А со задоволство ги препрочитувам и стриповите со Дилан Дог и Алан Форд.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Се идентификувам со различни ликови. Не би можела да издвојам еден, затоа што за мене книгата е добра доколку авторот успее да те втурне во приказната, а читателот да може да се идентификува со некои од карактерите. Но, еве, си споменувам дека додека бев на Факултетот за драмски уметност додека ја читав книгата и гледав претставата се идентификувам со ликот на Расколников од „Злосторство и казна“. И за него тврдам дека не бил умствено болен, за што долго полемизиравме со мојот тогашен професор по психијатрија.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив?

Кога веќе почнав со Достоевски, еве ќе кажам дека неговиот „Коцкар“ ме оставил без здив, ме натерал да реагирам и гласно да му велам да не се обложува веќе и да се натажувам сериозно за секоја негова загуба.

Која е најскапата книга што си ја купила во животот?FullSizeRender-2-1

Ова е тешко прашање… Мислам дека се некои мои истории како: „Историјата на хеленската книжевност“ и „Историја на хеленската
етика“ од Ѓуриќ, …а можеби и Јунговата „Човекот и неговите симболи“. Не сум сигурна за нивната цена на чинење, но знам дека двете книги заедно чинеа многу за мојот тогашен буџет. Па, двете ги купив, верувале или не, додека бев на одмор во Будва, Црна Гора, затоа што таму налетав на саем за книги и историите беа со саемски попуст. Па, дел од средствата предвидени за диско отидоа за книги.

Дали пишуваш посвети на книги?

Да, пишувам посвети. А ја паметам посветата на книгите од Вирџинија Вулф што ми ги купи мајка ми кога запишав Факултет за компаративна книжевност во дамнешната 1990 година, факултетот што го студирав пред студиите по режија.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Долината на стравот“ од Артур Конан Дојл. 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s