Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете

Делото „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна за тринаесетгодишно момче со аутизам, претставува еден вид на мемоар во кој што Наоки Хигашида ни демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира на начин кој само неколку од нас можат да си замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш не мислеа дека можат да навлезат во главите на нивните аутистични деца, сега имаат можност да го погледнат нивниот свет одблизу.

„Зошто сакам да скокам е напишана од автор кој е сè уште дете и чи аутизам е речиси исто толку тежок и страшен како и оној на нашиот син. Оваа книга беше просветлувачко искуство за нас. Имав чувтсво небаре за прв пат нашиот син ни зборуваше за она што се случува во неговата грава“. – Дејвид Мичел

zosto sakam da skokam 700x330

„Ова е интимна книга, која ги нурнува читателите директно во умот на аутистот – какво е чувството кога нема временска граница, зошто знаците и потсетниците се неопходни и зошто е толку тешко да се држи нечија туѓа рака. Секако, тука се работи за различни видови на однесување; токму затоа фразата „аутистичен спектар“ стана толку позната. Но токму преку слушањето на гласот, можеме да ги разбереме неговите одекнувања“. – Чикаго Трибјун

Книгата може да се купи на нашиот сајт Литература.мк по цена од 300 денари.

Дел од средствата од продажбата ќе бидат наменети за помош и поддршка на децата и семејствата кои се справуваат со аутизам и Аспергов синдром.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s