Лубиево без цензура

Ново од Арс Либрис во едицијата Прошетка низ Европа: Лубиево од Михал Витковски – една од најгласните книги на новата генерација полски писатели.

Најпрвин општествен скандал, потоа сензација, за да биде сега речиси култна книга за која е напишано премногу и е анализирана на сите можни начини.

lubievo 700x330

Патриција и Лукреција се дел од старата полска квир-геј сцена, од времето пред солидарноста и пред сидата, и се носталгични за старите времиња на срам и прикривање…

Растени во комунистичка држава, тие ги поминуваат седумдесеттите и осумдесеттите години во подземјето, наоѓајќи гламур во бедата, покажувајќи ги своите вештини во паркови и јавни тоалети, заведувајќи руски војници, ограбувајќи пијаници и гледајќи како нивните пријатели умираат од сида.

Сега, во посткомунистичка Полска, овие две остарени тетки се аутсајдери во новиот свет. Лубиево е хомо-рај, населен од помладата генерација на еманципирани хомосексуалци, слободни и горди на својата сексуална ориентација, па исончани и извајани енергично ги трошат своите „розови евра“. Ова е приказна за судирот меѓу старите и новите геј-луѓе, што се сретнуваат на место каде што сè е можно, но некои нешта можеби се изгубени.

„Урнебесен, ласцивен, прецизен, остар“, Гардијан.

Михаил Витковски (роден во 1975 година во Вроцлав) се смета за еден од најгласните полски писатели. Дебитира со збирката кратки раскази „Копирајт“ во 2001 година, а во 2005 година го издава култниот роман „Лубиево“. Следува уште една збирка кратки раскази – „Фототапет“ (2006) и романите „Тетката Барбара“ (2007), „Дрвосечач“ (2011) и „Криминалецот и девојчето“ (2014).

Витковски трипати е номиниран за најпознатата полска литературна награда „NIKE“ за „Лубиево“ во 2006-та, „Тетката Барбара“ во 2007-та и „Дрвосечач“ во 2012 година. Со романот „Лубиево“ е добитник на литературната награда „Гдиња“ во 2006-та, додека „Lovetown“, англиски превод на „Лубиево“, е номиниран за наградата за дело на странски јазик во областа на белетристика на британскиот весник „Индипендент“ во 2011 година.

„Портрет-романот на Витковски истовремено е страшен и смешен, давајќи значајни политички коментари преку два неверојатни хероја“, Биг ишју.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s