33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (3)

Загрижени за иднината на своите деца, денешните родители се обидуваат да развиваат различни вештини кај своите деца, меѓу кои и љубовта кон книжевноста. Понекогаш се чини 30 минути читање е идеалната дневна доза, но понекогаш таа е и покуса, но и подолга.

slika3

Ова е третиот и последен дел од 33 совети како да ги натерате децата и бебињата да го засакаат читањето:

22. Натерајте ги да читаат еден на друг

Го замолувам син ми да чита книги за почетна возраст на својата сестричка. Тој покажува кон коњ, дрво, пчела итн., и во суштина ѝ чита и јас многу го фалам за тоа. Тој чувствува како да постигнал нешто, а таа гледа дека брат ѝ чита.

23. Нека тие ги вртат страниците кога ќе бидат подготвени

Понекогаш моите деца сакаат да погледаат во страницата уште дел од секундата, а понекогаш сакаат да се џарат во неа. Открив дека ако си го ставам палецот под следната страница за да можат лесно да ја фатат и да ја свртат кога ќе бидат подготвени, тие ја вртат страницата со темпо што им одговара ним.

24. Книгите нека ви бидат организирани и пристапни

Вака полесно ќе го најдете она што го барате, а вашите деца полесно ќе видат што им е достапно. Ги користам овие детски кутичиња и супер функционираат! Децата имаат лесен пристап до нив и ние можеме да ги групираме според возраста, интересите и видот на книгата.

25. Читајте за време на семејната вечера

Напишав еден многу популарен пост за важноста на семејната вечера. Ова е извадок што го копирав и го залепив овде.

„Секоја вечер кога седнувавме да јадеме кажувавме молитва, јадевме, си муабетевме и тогаш родителите нè прашуваа што учевме тој ден на училиште. Сите ние по ред кажувавме што учевме (во недела кажувавме што учевме на црква). На крајот од вечерата, сите читавме по стих или два од Светото писмо и го подававме на следниот, обично прочитувавме по една глава пред да станеме.“ Иако ваквиот распоред можеби не е за вас, вие можете да примените нешто слично со читање книга за време на вашите семејни оброци.

26. Слушајте аудиозаписи од книги или читајте на глас за време на патувањата со автомобилот

Родителите на братучетка ми беа цареви за ова. На секое патување со автомобил тие читаа класици на своите деца додека патуваа. Обожавам аудиозаписи од книги – така времето побрзо лета. Читањето и слушањето книги што се читаат на глас го зголемува општото знаење, вештините за слушање и способностите за концентрирање кај децата.

27. Дозволете им да читаат различни книги истовремено

Денес, додека траеше времето за читање, син ми читаше една книга додека јас читав друга на ќерка ми. Читав на глас мала книга за животни, а син ми читаше за други животни. Иако стана малку збунувачки, беше забавно да го слушам како извикува имиња на едни животни, а јас ги кажувам на ќерка ми оние што ги читам. Нека им биде релаксирано и опуштено за да уживаат во времето.

28. Дозволете им да ги избираат книгите

Секогаш им велам да ги избираат книгите (барем на почетокот од времето за читање), потоа понекогаш јас ќе земам некоја книга што не сме ја читале подолго време или ќе ја земам онаа за која знам дека ќе им се допадне. Ако одите да купувате книги, ќе им биде забавно ако им дозволете и тие да си одберат некоја.

slika2

29. Однесете ги во библиотеката

Сè уште јасно се сеќавам како мајка ми ме носеше во библиотеката за да читам како дете. Со тоа што ќе ги носите на различни настани во библиотеката ќе ги поттикнете да ги сакаат книгите.

30. Им дозволувам да носат книги в кревет

Се разбира дека ова е по ваша желба, но син ми ноќе сака да однесе неколку книги в кревет. Наместо ќебе или кадифено животно, тој држи играчка или книга додека заспива. Не сум сигурна колку му е ова удобно во текот на ноќта, но спие одлично, така што ние едноставно му дозволивме.

31. Користете ги книгите како поттик

Ова можеби нема да функционира кај секое дете, но ако му кажете, „помогни ѝ на мама со ова и потоа можеш да си земеш книга да читаш“, тоа го става читањето на сосем друго ниво. Читањето станува награда и нешто за кое ќе се трудат, а и двете работи се одлични да им ги всадите додека се мали.

32. Создадете удобен простор за седење

Денали доби подна перница за Божиќ пред неколку години од тетка ми и оттогаш таа е совршеното место за седење! Таа нè поттикнува да седиме и да читаме бидејќи е удобна и прилепена за подот. Седнувам крснозе за двете деца да можат да седнат врз моите нозе.

33. Очекувајте различни реакции во текот на различните фази од животот

Имаше еден период кога мојот син ми седеше в скут некое време додека го читав вистинскиот тип на книги. Многу му беше интересно. Потоа дојде до возраст во која едноставно веќе не беше заинтересиран. Јас и онака му читам на глас (тој беше во истата просторија, но не учествуваше активно). Неколку месеци теравме вака и тој си ја поврати љубовта и вниманието кон книгите. Ете така врват работите со нашите деца. Поминуваат низ фази. Остануваат мошне постојани – дури и кога не се заинтересирани и да се надеваме дека ќе успеете да им ја вратите, како што успеав, љубовта кон читањето. А ако испуштите неколку денови, ве молам не се разочарувајте. Кога ќе се присетам, имаше седмици кога ретко читавме и давам сè од себе да не се разочарам или обесхрабрам. Ваквата работа е постојан и кумулативен напор на долги патеки. Ако се разочарувате секогаш кога вие и вашите деца ќе пропуштат термин за читање, времето за читање ќе биде помалку забавно. Дајте сè од себе и уживајте во слаткото обврзувачко време што го поминувате со нив додека заедно читате книги на глас.

Практикувањето на овие 33 работи (на неколку или дури и на сите) ќе ви помогне вашето бебе или дете да научи да го сака читањето.

slika1

Погледнете ги првиот и вториот дел од 33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s