Наскоро: Последната книга од трилогијата „Делириум“

Наскоро на literatura.mk„Реквием“ од Лорен Оливер – последната книга од трилогијата „Делириум“.

rekviem-najava-700x330-novo

Ова возбудливо финале на трилогијата „Делириум“, што се најде на листата на најпродавани книги според „Њујорк тајмс“, е спој на акција и романса, полна со опасности, внатрешни дилеми и забранета љубов.

Сместена во дистописките Соединети Американски Држави, приказната продолжува од моментот кога повторно се појавува Алекс, првата љубов на Лена, момчето кое го сакаше, момчето кое мислеше дека е мртво. Но, веќе ништо не е исто!

Пред сè, самата Лена е променета. Таа сега е дел од отпорот, во средиштето на борбите. Дивината веќе не е безбедна, а регулаторите се насекаде, решени да го истребат отпорот. Променет е и Алекс, измачуван, сигурен дека ќе умре во затворот, полн горчина и бес. Од друга страна, тука е и Џулијан, момчето кое го спаси Лена, момчето во кое штотуку почна да се вљубува.

Во меѓувреме, најдобрата другарка на Лена, Хана, живее безбеден живот без љубов во Портланд, спарена со новиот градоначалник, Фред Харгров. „Реквием“ е раскажан од двете перспективи, онаа на Лена и онаа на Хана, сè додека најпосле нивните приказни не се соединат.

Првата книга Делириум“ и втората книга „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games).

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s