33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (1)

Читањето и продолжувањето на нашето образование се многу важни навики за развојот и култивирањето во животот.

Dete1

Способностите, знаењето и вештините нè прават посилни за новиoт ден и новата животна доба. Во книгата „Како да живеете богат живот како мајка домашарка: Како да изградите безбедна финансиска основа за вас и за вашите деца“, авторство на Анита Фовлер и Карен Јансен, жени кои десет години од својот живот го посветиле на подигнување на своите деца, откажувајќи се од својата професија, со средни месечни приходи обезбедени од партнерите, е споделена добро познатата приказна за Бен Карсон. Бен тргна од многу неповолна ситуација како младич и стана неверојатно талентиран и успешен неврохирург. Добитник е на претседателскиот Медал на слободата. Неговиот успех се должи делумно на настојувањето на мајка му, тој и брат му да поминуваат долго време во библиотеката и да читаат.

Мајката на Бен Карсон откри дека нејзината идеја да ги натера децата да читаат и често да одат во библиотеката се роди кога таа сфати дека сите успешни и богати луѓе чии куќи ги чистеше имаат големи библиотеки.

Џим Рон, инспиративен говорник и милионер, никогаш не престана да ги нагласува ПРИДОБИВКИТЕ од читањето и самоедукацијата:

„Единственото нешто што е полошо од тоа да не прочитате книга во последните деведесет дена е да не прочитате книга во последните деведесет дена и да мислите дека тоа не е важно.“

„Формалното образование ќе ви овозможи една живејачка; самоедукацијата ќе ви овозможи цело богатство.“

„Учењето е почетокот на богатството. Учењето е почетокот на здравјето. Учењето е почетокот на духовноста. Барањето и учењето е местото каде што почнува сиот чудотворен процес.“

Загрижени за иднината на своите деца, денешните родители се обидуваат да развиваат различни вештини кај своите деца, меѓу кои и љубовта кон книжевноста. Понекогаш се чини 30 минути читање е идеалната дневна доза, но понекогаш таа е и покуса, но и подолга.

Деновиве ќе следуваат 33 совети како да ги натерате децата и бебињата да го засакаат читањето, а еве ги првите пет:

1. Читајте често, не само пред дремки или пред спиење

Додека и јас сакам приказна за добра ноќ, читањето во текот на денот и во различни периоди им помага да сфатат дека книгите можат да се читаат во секое време и не се само предвесник на спиењето.

2. Продолжете да читате и ако заталкаат

Бебињата и децата имаат краток период на внимание. Порано се фрустрирав кога на почетокот или на среде читање на некоја кратка книга, син ми стануваше и почнуваше да се шета низ собата. Еден ден, ѝ го споменав ова на една моја пријателка и таа ми кажа само да продолжам да читам и тој кога-тогаш ќе се врати. Така што, почнав тоа да го правам. Тоа што продолжувам да читам обично функционира, па дури и децата да не се вратат и да не ми седнат во скутот, тие ги слушаат зборовите и гледаат дека мајка им сака да чита.

DeteiMajka

3. Дозволете им да си играат и да ги прередуваат книгите

Освен со нежните, скапите или значајните книги (имам 5-10 такви од стотиците книги), им дозволувам на децата да си играат, да ги прередуваат и да ги користат моите книги. Моето мислење е дека тие не треба да се казнуваат ако случајно скинат некоја страница или пресилно повлечат некоја корица и ја искорнат. Штом потпораснат, да, но на ваква млада бебешка возраст не сакам да си ги поврзуваат книгите со казнување/дисциплинирање. Има совети на овој пост за тоа како да ги поправите книгите што се оштетени.

4. Имајте разни книги

Во овој пост зборувам за 15 начини како да спасите илјадници книги за бебиња и деца. Планирам да објавам повеќе различни постови што се однесуваат на видовите книги што ги сакаат децата од различни возрасти. Ќе опфатам многу, многу примери. Навратете се во текот на следните неколку недели за овие постови.

5. Родителите, бабите и дедовците и другите треба да бидат охрабрувани да читаат на глас на вашите деца

Моите деца сакаат кога татко ми им чита. Мајка ми е одлична за читање на глас на своите внуци. Тоа им покажува дека оние што ги сакаат и што им возвраќаат со љубов сакаат книги. Чувствувам дека ова е многу моќна порака што ја примаат.

DeteiMajka1

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s