Топ 9 книги во чест на месецот на жената

Март е месецот да ги славиме жените, нивните борби, нивните триумфи и нивното место во денешниот свет. За да прославиме, се сетивме да составиме листа од омилени книги што зборуваат за животите и постигнувањата на жените ширум светот.


1. Јас сум Малала
, Малала Јусафсај и Кристина Лемб

malalaИзвонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите.


2. Во кралството: Мојот живот во семејството Бин Ладен, Кармен Бин Ладин

vo-kralstvoto

Интернационален бестселер кој е шокантен приказ за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија во денешно време. Кармен Бин Ладин го тргна превезот за да ја открие приказната за семејството Бин Ладен во една од најтаинствените, најмоќните и најрепресивни земји во светот.

3. Гордост и предрасуди, Џејн Остин

gordost-i-predrasudi

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.

4. Сестрите Макиока, Џуничиро Танизаки

sestrite-makioka

Една од најдобрите јапонски новели на 20 век. Во Осака, во годините непосредно пред Втората светска војна, четири аристократки се обидуваат да го зачуваат животот што исчезнува – портрет на семејните и општествени вредности и случувања од средината на минатиот век.

5. Раскажувачката, Џоди Пико
raskazuvackata1

Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ.

6. Времето на жените, Елена Чижова

vremeto-na-zenite

Привидно едноставна приказна за нетипичното израснување на едно навидум немо девојче чија пожртвувана мајка работи двосменски за да обезбеди за потребите на сите – од страна на три баби што живеат во истиот стан. Времето на жените е приземен, емотивен и трогателен роман со нималку наивна претензија да ја подрие официјалната руска историја.

7. Вторнични жени, Моника Пец

vtornicni-zeni

Хит-роман напишан во лесен и комичен стил. Во романот се зборува за пет пријателки кои секој вторник во месецот се сретнуваат во нивниот омилен бар.

8. Девојката што го спаси кралот на Шведска, Јонас Јонасон

devojkata-sto-go-spasi-kralot-na-svedska

Урнебесно смешна, заводлива книга за среќа, љубов и меѓународни односи…

9. Книга за телото, Камерон Дијаз со Сандра Барк

kameron-diaz

Во оваа книга Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност.